Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Дали сте подготвени за родител, најдобро покажуваат ситниците кои го прават еден ден. затоа ставете се во одредени ситуации низ кои поминуваат повеќето родители ширум светот и проверете дали е дојден вистинскиот момент во својот живот да дочекате мало бебе.
Доколку сфатите дека сте подготвени за макар пет работи од прикажаните во тестот, можете наскоро да станете родител.
Уживајте!
Исфрлете на подот куп играчки. Врзете си ги очите и марширајте низ просторијата.

Вратете се доцна дома и наместете аларм во 3 часот. Кога ќе се разбудите прошетајте пола час во собата и наместете аларм во пет часот. Повеќе не легнувајте.

Штом купите млеко истурете го во мијалникот. Тогаш ќе сфатите дека ви треба уште млеко. Купите и секако, уште еднаш истурете го.

Додека се туширате, речете му на партнерот да ве гаѓа с играчки.

Ако сте жена дочекајте го поштарот со распетлана пижама.

Изедете чинија житарици потопени во млеко, а поголемиот дел од чинијата размачкајте го на рамената и вратот. Тргнете на работа.

Низ целата куќа оставајте полуиспиени чаши од кафе и чај. Ако вистински сакате да дознаете како живеат родителите на мали деца, истурете малку чај на својот компјутер.

Купете 20 пара детски чорапи и половина од нив исфрлете. Обидете се да ги спарите додека некој вришти покрај вас.

Направете си прекрасен појадок и оставете го на отворено неколку часа. Потоа обидете се да уживате во него.

Погледнете ја фотографијата долу и кажете што гледате на неа. Не. Тоа не е портокал. Тоа е компир. Едно момче рече така, а децата се секогаш во право.

4
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Грип за време на бременост - симптоми, ризици и заштита
Бременоста носи многу промени во организмот, а една од нив е и промена...
Како да ја следите овулацијата во домашни услови?
Следењето на овулацијата дома може да им помогне на жените подобро да ...
Што се случува со бебето во првиот месец од животот?
Првиот месец од животот е период на огромни промени за новороденчето. ...
Близнаците се едно од најинтересните чуда на природата. Тие настануваа...
Што е вонматерична (ектопична) бременост?
Вонматерична или ектопична бременост е состојба кога оплодената јајце ...