|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Што се случува во третата недела од бременоста?

Редакција Рингераја, 24.6.2026
Третата недела од бременоста е момент кој често создава конфузија, бидејќи медицинското сметање на бременоста започнува од првиот ден на последната менструација.

image
Фото:Canva/Кога се зборува за третата недела од бременоста, многу жени се збунети бидејќи често сe уште нема јасни симптоми или позитивен тест.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Тоа значи дека во 3-та недела многу жени сè уште немаат јасни знаци, а некои дури и не знаат дека оплодувањето веќе се случило.

 

Што навистина се случува во третата недела?

Во оваа фаза, најчесто се случува клучниот биолошки момент. Доаѓа до овулација или веќе е помината, јајце клетката може да биде оплодена од сперматозоид, а започнува создавање на првите клетки на ембрионот.

Ова значи дека бременоста во биолошка смисла штотуку започнува, иако медицински веќе сте во третата недела.

 

Дали сте „навистина бремени“?

Од медицински аспект бременоста се води од овој момент, но ембрионот е сè уште во многу рана, микроскопска фаза. Тој често во оваа недела сè уште не е имплантиран во матката.

 

Имплантацијате е клучниот чекор

По оплодувањето ембрионот патува низ јајцеводот, по неколку дена стигнува до маткат и се всадува во слузницата (ендометриум).

Само по имплантацијата телото почнува да произведува hCG хормон, кој го потврдува тестот за бременост.

Симптоми во 3-та недела

Во оваа фаза повеќето жени немаат никакви симптоми или чувствуваат многу благи промени. Во оваа недела често сè уште нема пропуштена менструација.

Можни, но не сигурни знаци се: лесен замор, чувствителност на градите и благи грчеви слични на пред менструација.

 

Може ли тестот да покаже бременост?

Во 3-та недела домашниот тест најчесто сè уште е негативен додека пак крвниот тест (бета hCG) може да покаже рани промени. Најсигурен резултат се добива неколку дена подоцна.

 

Зошто оваа недела е толку важна?

Иако е рана, третата недела е клучна бидејќи се формира основата на ембрионот и започнува генетскиот развој. Се поставуваат и темелите за сите органи.

 

Во третата недела од бременоста, многу жени сè уште не се свесни дека се бремени, но биолошки процесот веќе започнал.

Оплодувањето или почетокот на имплантацијата се случува токму во овој период, што ја прави оваа недела една од најважните, иако најтивки фази на раната бременост.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
4
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога се приближува терминот. За многу жени, тие се еде...
4
Систолен и дијастолен крвен притисок во бр...
Бременоста е период на огромни промени во телото на жената, вклучувајќи и значителни промени во кардиоваскуларниот систе...
3
Вагата во бременоста
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста, но важно е тоа да биде во согласност со индивидуалните п...
3




Анкета

Име за девојче
Maria

Дали ви се допага името Зорана?

да (18%)

не (65%)

не е лошо (17%)


Број на сите гласови: 373

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!