|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што се случува во телото, додека излегува бебето?

Редакција Рингераја, 6.10.2015
Кога жената е во постојан страв од она што следува, ако допушти болката да биде посилна од неа и ако се изгуби во виорот на болките и мисли дека не може тоа да го издржи, породувањето сигурно нема да и остане во убаво сеќавање...
Клучни зборови:

image
/11


 

Истото тоа породување, за жената која соработува со своето тело, која ја поднесува болката и напоните како нешто добро, која мисли на позитивен исход, сигурно ќе биде искуство кое ќе ја направи посилна за улогата на мајка и жена.

Во текот на породувањето карлицата се шири природно, а мускулите на вратот на материцата и вагината се опуштаат за детето да може да помине низ нив. Тој процес можете да го поддржите со слушање на вашето тело, движење, смеење, опуштено дишење и подготвеност да ја поднесете болката како нешто природно.

Обично жените се прашуваат како може низ толку мал отвор да излезе нешто толку големо, но женскиот полов орган е еднакво способен да расте, како и машкиот. Единствена разлика е во тоа што вагината е скриена од погледи. Исто како што и материцата може да се прошири за во неа да се развијат две и повеќе деца, нема причина да мислиме дека и другите делови од нашето тело, вклучени во породувањето, не би можеле да го направат тоа.

За да разберете што се случува со вашето тело, време е да се запознаете со својата карлица, која е најдиректно вклучена во породувањето. Тоа е коскен премин низ кој вашето бебе патува  кон светот. Во текот на бременоста вашето тело произведува хормони кои ги омекнуваат зглобовите на карлицата, за да ја зголемат нејзината флексибилност и со тоа да помогнат во раѓањето на детето.

Женската карлица се состои од четири коски меѓусебно поврзани со лигаменти. Хормонот релаксин ги опушта лигаментите  во доцната бременост, кога вашето тело се подготвува за породување. Карлицата која се чини мала додека лежите, станува значително голема кога сте во положба на сите четири, односно на раце и на колена.

 

Моќта на гравитацијата

Со својот раст детето притиска надолу и на крајот  на бременоста главата, која е најтешка, под влијание на гравитацијата се поместува надолу и ја следи кривата линија, па доаѓа до карличната коска. Обликот на коската ја насочува главата, а силата на гравитацијата  овозможува полесно отворање на карлицата, па просторот низ кој детето излегува може да се прошири и до 28%.

И задникот се поместува во текот на породувањето и го проширува просторот за дополнителни 2 сантиметри.

На гравитацијата и помагате со своето движење. Накратко, не седете на коските бидејќи на тој начин го спречувате нивното ширење. Можете да се спуштите на сите четири и да клекнете, да ги поставите нозете настрана или да седите на нозете. Во секој случај треба да го користите телото и да избегнувате лежење. Одете по скали ако е тоа можно.

Патување на бебето на свет

Најдобро во текот на породувањето е да притискате кога ќе добиете природен нагон, а не кога тоа од вас се бара.

Ќе ви помогне и ако знаете дека бебето нормално напредува низ породилниот канал кога притискате и нормално дека се враќа малку наназад кога ќе престанете да притискате Тоа никако не значи дека треба да притискате уште посилно за породувањето да напредува. Тој процес е потребен бидејќи и овозможува на вагината постепено да ја постигне големината неопходна за премин на детето, па е поголема веројатноста да не дојде до рез на меѓичката.

 

Предности на вагиналното породување

Ќе наведеме само неколку предности на вагиналното породување, а на вас останува да се вратите кон себе, да се нурнете во длабочините на вашата психа и да го извлечете она исконско што го носи секоја жена:

-          докажано е дека вагиналното породување е побезбедно од царскиот рез (со исклучок на итните случаи)

-          искуството на активното породување ја прави посилна секоја жена

-          можноста од воспоставување на доењето е само неколку минути по породувањето

-          вагиналното породување психолошки ги поврзува сите жени

Креативни труднички фотографии
Секоја трудница сака да има најубав спомен, од најубавиот период од нејзиниот живот. Во прилог се неколку креативни фото...
21
Бледа линија на тестот за бременост
Користењето на домашен тест за бременост е многу едноставно. Две линии значат дека сте бремена, една дека не сте. Но што...
8
Пијте вода на празен стомак за заштита од ...
Во последно време, многу е популарно да се пие вода веднаш кога ќе се стане од спиење. Па затоа се направија неколку нау...
6
Чудесни работи во врска со бременоста!
Чудесни работи се случуваат во текот на деветте месеци од бременоста. Ви откриваме неколку...
6


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

da izbereme ime za naset_o since
anete

MOZE I NEKOJ VAS PREDLOG ZA MASKI IMINJA.

aleksej (39%)

maksim (44%)

alen (16%)


Број на сите гласови: 160

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!