|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Што е план за породување и дали навистина ви треба?

Редакција Рингераја, 12.12.2025
Во моментот кога бременоста влегува во последната фаза, многу идни мајки почнуваат да слушаат за нешто наречено „план за породување“. Некои го сметаат за корисен водич, други за непотребна формалност, а трети како дополнителен извор на стрес.

image
Фото:Canva/Од избор на позиција за породување до пожелна атмосфера, од методи за ублажување болка до првите моменти со бебето, планот ти помага да се чувствуваш информирано, слушнато и подготвено.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Па, што всушност е планот за породување и дали ви е потребен?

 

Што претставува план за породување?

Планот за породување е краток документ обично се состои од една страница во кој бремената жена ги запишува своите желби и приоритети за текот на породувањето.
Тоа не е договор, ниту гаранција туку начин здравствениот тим да ги знае вашите потреби, стравови и очекувања.

Во него може да опфатиш работи како:

  • како би сакала да се движиш за време на породувањето,
  • кои методи за олеснување на болката ги преферираш,
  • дали сакаш придружба на партнер или друга личност,
  • дали сакаш кожа на кожа контакт со бебето веднаш по раѓањето,
  • начинот на исхрана на бебето,
  • пожелни или непожелни медицински интервенции, ако состојбата го дозволува тоа.

 

Дали мора да имате план за породување?

Ниту една болница нема да го бара по службена должност, а многу жени раѓаат без претходно напишани желби.
Но ваквиот план може да биде од голема корист.

 

Кога планот е навистина корисен?

  • Кога имате конкретни стравови или претходно лошо искуство.
    Па запишувањето што ве смирува им помага на бабиците и лекарите да се прилагодат.
  • Кога посакувате поактивно породување преку движење, топла вода, топка за раѓање, различни положби и слично.
  • Кога ви е важно партнерот да има одредена улога во процесот на породување.
  • Кога сакате минимални интервенции, освен ако не се неопходни.
  • Кога ви значи контакт кожа на кожа со вашето бебе, доење или одложено пресекување на папочната врвца.

Планот им дава јасна слика на медицинските лица без да морате да објаснувате додека чувствувате контракции.

 

Што не е планот за породување?

Ова е една од најважните работи што жените треба да ги знаат:

-        Планот за породување не е список со наредби. Породувањето е непредвидливо и тимот може да мора да реагира брзо. 

-        Не е гаранција дека сè ќе оди по план. Најважно е здравјето на бебето и мајката.

-        Не смее да биде извор на стрес. Овој план не е тест на кој морате да го положите туку алатка за комуникација.

 

Како да го направите?

Еден добар план за породување треба да биде: краток од најмногу една страница, јасен со кратки точки, не со долги пасуси, флексибилен, фокусиран на приоритети, не на детали

На пример:

  • Сакам да се движам колку што е можно повеќе.
  • Сакам партнерот да биде со мене.
  • Би сакала кожа на кожа со моето бебе веднаш по породувањето, ако е можно.
  • Имам страв од игли, ве молам за нежна комуникација и објаснување при интервенции.

 

Кога планот треба да се разговара?

Најдобро е во осмиот или деветтиот месец да го споделите со: гинекологот, бабицата и партнерот. Така сите ќе знаат што ви е важно уште пред да почнат контракциите.

 

Дали навистина ви треба?

Ако ви дава чувство на контрола, смиреност и подготвеност тогаш вреди да го имате.
Ако ви создава притисок и страв дека „мора да биде по план“ тогаш не е неопходен.

Породувањето не е сценарио, туку процес. А најважни се поддршката што ја добивате и начинот на кој се чувствувате.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Труднички желби
Жените во бременоста почесто ќе бидат тие кои ќе кажуваат што ќе се јаде и каде ќе се оди на вечера, од што не треба да ...
4
Едно дете - цело семејство
Кога една жена ќе дознае дека е бремена, животот не се менува само за неа. Иако токму таа ги носи физичките промени, бре...
4
Добро дојде бебенце: Магијата на раѓањето
Моментот кога родителите добиваат дете засекогаш останува врежан во нивното сеќавање, а уште поубаво е кога тие моменти ...
4
Бременост по недели
Сакате да дознаете што се случува со вашето тело, како бебето се развива и расте, како и што се врти низ главата на идни...
3




Анкета

/
Jana9

Dali vnimavate sto im davate da jadat vasite decinja?

Da (50%)

Ne (0%)

Ponekogas (50%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!