|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Жените во бременоста почесто ќе бидат тие кои ќе кажуваат што ќе се јаде и каде ќе се оди на вечера, од што не треба да се срамат, бидејќи мора да имаат и некои привилегии покрај сите оние акни, болки, зголемена телесна тежина, зголемени гради
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Сигурно не постои трудница која не почувствувала силна желба за некој вид храна. Веројатно многумина од вас имаат слушнато од пријателките како не можеле без кисели краставички или сладолед во бременоста. Овие труднички желби по некој храна, иако се необични, неверојатни, понекогаш се навистина забавни и не треба ниту една трудница да се срами од тоа, туку на против треба да ужива во тој период бидејќи е со одреден рок на траење.

Трудничките желби можат да почнат во првото тромесечие, кога воедно трудницата чувствува и утрински мачнини и кога само од одредени видови храна не и‘ се лоши. Може да се случи во тој период да бара да јаде само еден вид храна што ќе го излудува нејзиното семејство. Исто така често се случува стрвноста да биде и по некоја храна која трудницата претходно не ја сакала и можеби по породувањето нема никогаш да ја посака.

Во второто тромесечие стрвноста станува поизразена, па партнерот може често да слуша: „Миличок, бебето сака сладолед“ или “Драги, бебето сака пица за вечера“. Жените во бременоста почесто ќе бидат тие кои ќе кажуваат што ќе се јаде и каде ќе се оди на вечера, од што не треба да се срамат. Впрочем мора да уживаат и некои привилегии покрај сите оние акни, болки, зголемена телесна тежина, поголеми гради, со што морат да се соочуваат во деветте месеци. И зошто да не го вклучи својот партнер во тоа како да се снајде со нејзините желби за јадење?

Во третото тромесечие, само поради растењето на бебето и намалување на местото за храна, не значи дека стрвоста ќе престане. Напротив може да стане и поинтензивна. Таа може да побара сендвич за ручек, а ќе изеде само половина од него, бидејќи се чувствува прејадено. Може да се случи во 14 часот да е повторно гладна, но сега дa посака голема порција сладолед од локалната слаткарница. Кога жената има желба за сладолед, ништо освен него нема да ја задоволи нејзината глад.

И не само во бременоста. Кај жените се случува да се појави стрвост по одреден вид храна на пример чоколадо, кога ќе и‘ почнува циклусот. Стресот, неправилната исхрана исто можат да доведат до чудни и интензивни желби по одреден вид храна. Но, да бидеме искрени, позабавно е кога е жената бремена и може да го разбуди својот партнер во два часот по полноќ и да му кажете „Миличок, навистина сакам чоколадни колачи, една порција сладолед и неколку кисели краставички. Ќе тргнеш до продавница за мене сега, НЕЛИ? 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Протеински појадоци за трудници со утринск...
Утринските мачнини се чест дел од бременоста, особено во првото тромесечје.
4
Најдобри вежби за полесно породување
Породувањето е еден од најинтензивните моменти во животот на секоја жена. Иако не можеме целосно да го предвидиме негови...
4
Што се Кегелови вежби и зошто се важни?
Кегеловите вежби се едноставни вежби кои ги зајакнуваат мускулите на карличното дно, група мускули што ги поддржуваат мо...
4
Дали е безбедно да спиете на стомак во бре...
На стомак, на грб или на страна? Еве што треба да знаете за безбедни, удобни позиции на спиење за време на бременоста
4




Анкета

Женско име
mama_sk

Ве молам да гласате за најубаво женско име според вас. Благодарам!

Елина (8%)

Миа (22%)

Магдалена (17%)

Амелиа (9%)

Јана (35%)

Срна (9%)


Број на сите гласови: 274

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!