|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Се` уште користите еднократни пелени? До кога?

Редакција Рингераја, 24.2.2015
Погодноста на пелените за еднократна употреба до тој степен им олеснува на родителите што тие имаат тенденција да ја користат оваа услуга со години

image
/11


 

Во минатото оваа практика не била толку распространета. Тогаш беше од големо значење децата да се навикнуваат на нокшир што е можно порано, бидејќи пелените не  биле еднократни, а секоја промена била придружена со перење - многу често на рака. Овие потешкотии ја принудувале мајките да се обидува да го научи детето да користи нокшир што е можно побрзо. Дали тоа било правилно? Или сегашниот модел е многу штетен?  Воопшто кој ги измислува правилата за бебињата? На овие и други прашања околу бебешката хигиена одговара Олга Дукат, инструктор за подготовка за раѓањето при Childbirth International, консултант за доење, основач на Центарот "Природни идеи" и мајка на три момчиња.



Кога треба да се почне со користење на нокшир?


Веројатно многу пријателки и познаници ќе ви кажат дека на сила тоа не може.Тоа е желба и избор на детето. Слично е мислењето и на специјалистите. Педијатрите и психолози во еден глас зборуваат за подготвеност и за внимателност и трпение во однос на ова прашање. "Апсолутно не можете да го натерате детето да прави нешто за кое не е подготвено - физички или психички." - е реченицата што како слоган стои на централно место во секоја тема, форум или дискусија за нокширот. Теоријата е дека за да започнете со негово воведување треба да бидете сигурни дека детето е способно (физички) да ја задржува својата нужда. Оваа способност се развива околу втората година. Се разбира, сето тоа е индивидуално, но тоа е некаква просечна возраст. Друга опција, која стручњаците ја нудат е да следите кога детето ќе почне да се качува по скали само. Се смета дека оваа можност се развива заедно со способноста на контрола на свинктерните мускули. Исто така детето треба да прави акции доброволно и свесно. Бидејќи овие граници се многу широки често се доаѓа до задржување на пелените до  третата година и дури подоцна.
Често, зад заговорниците на теоријата за одложување на навикнувањето на детето на нокшир, се смета дека стојат корпоративните интереси на производителите на еднократни пелени. Наѕираат и противречности: како во минатото беше можно порано навикнување на нокшир и притоа немало проблеми и дискусии, а денешните бебиња ги развиваат овие способности подоцна.


Најверојатно тука проблемот доаѓа од мајките. Современата жена е склона да работи по шема и помалку го чувствува и слуша своето бебе. Додека во минатото, поради ограничените информации и значителната надмоќ на искуството, традицијата и континуитетот, интуиција помага многу повеќе. Бидејќи општи правила за гледање на децата нема, секоја мајка ги составува сама и тие се единствени и "одговараат" совршено точно (и само) на нејзиното бебе.



Што претставува Природната бебешка хигиена?


Тоа е термин измислен за да ја објасни практиката која се користи, многу пред да бидат измислени еднократните пелени. Своевремено повеќето мајки така ги гледале децата. Всушност тоа е начин да се избегнат до одреден степен пелените. Практично мајката почнува да "го издржува" бебето над пелена кога ќе пооотрасне и ќе почне да седнува. Природната бебешка хигиена е можна од самото раѓање. Се смета дека децата кога се мали, даваат сигнали кога им се врши нужда. Ако во овој момент мајката не реагира, со времето детето свикува да ги врши овие работи во пелени и престанува да прикажува емоции. Но, ако одговорите на овие знаци, за брзо преповивањето може значително да се намали.


ПБХ вклучува 4 елементи:


1. На прво место тоа се сигналите кои бебето ги дава на мајката, за да и покаже дека има потреба - движења, гримаси - сите овие знаци се за да покажат дека претстои вршење на нужда.
2. Вториот елемент ги вклучува временските интервали и ритамот. Мајката го запознава детето постепено, заедно го градат ритамот и така таа ќе знае кога да му нуди "одење" до тоалет.
3. Третиот елемент се звуците кои ја следат акцијата и детето постепено разбира што всушност мајката сака од него. Покрај карактеристичните звуци, опишувајќи го дејството, детето се ориентира и според активностите - мајката пред тоа го соблекува, го става во определената поза. Сето ова го упатува и тоа е свесно за она што се бара од него.
4. Четвртиот елемент е интуицијата. Бидејќи секоја мајка го познава своето дете, тоа и помага да постапува правилно и да реагира адекватно на сигналите.


Кога може да се почне?


Постојат многу различни мислења по ова прашање. Од премногу екстремни, во повеќе избалансирани, до ексклузивно либерални. Има мајки кои не користат пелени воопшто. Но ако ја погледнеме физиологијата - едно бебе може да врши нужда по околу 20 пати, што само по себе значи дека мајката треба постојано да го демне. Треба да се фокусира само на оваа акција. А знаеме дека тоа е невозможно, бидејќи современата жена има премногу обврски. Многу поразумно е мајката да ја следи само "големата нужда". Тоа е полесно, бидејќи е на поголеми интервали и значително помалку пати на ден. Се разбира, ако жената си постави цел, не е невозможно, но лично мое мислење е дека тоа не е најдобра опција. Во овој метод е важно да нема притисок, туку работите да бидат природни. Во спротивно може да дојде до непријатни последици.


Периоди во кои е можно да се започне


Реално може да почне во секое време, нема гранична возраст. Но во првите 6 месеци е значително полесно, бидејќи и бебето е помалку подвижна. Во првите три месеци мајката треба да го следи детето, да го запознаваше и да ги следи сигналите. Тогаш се создава овој ритам. Од 3 до 6 месеци многу мајки веќе имаат значителен успех при примена на методот, зашто сигналите се видливи. Периодот на лазење - меѓу 6-8 -месечна возраст - е малку тежок за почеток, бидејќи децата стануваат подвижни и љубопитни за светот околу себе. Тогаш е доста посложено. Обично помеѓу една и пол година и две години може да се очекува дека детето би требало да се навикне на нокшир. Дури се случува на таа возраст (околу 2-та година) децата сами да одат во тоалет и да се речиси самостојни во овој поглед. Децата кои се  од мали навикнувани на Природна бебешка хигиена, растат со мислата дека вообичаено овие активности не се случуваат во пелени и кај нив многу полесно, побрзо и нормално се воведува нокширот. Бебињата кои главно користат пелени за еднократна употреба го немаат истото чувство и тоа го успорува процесот. Затоа и има деца кои до 3 години и повеќе носат еднократни пелени.


Зошто се вели дека раното учење кон нокшир е насилство?


Бидејќи мајката треба да има реални очекувања. Педантноста и желбата да се случат работите по секоја цена водат до фрустрации. На прво место не е добро да се цели кон целосна успешност на мисијата. Ако нема успех, тоа би го изнервило како бебето, така и мајката. Многу е важен начинот на кој се случуваат работите. Тоа треба да биде без притисок врз детето, исто и да не биде против неговата желба и волја. Се е прашање на поставувањето и пристапот. Според мене не е толку до возраста, колку до човекот. Има родители кои ќе прават притисок дури и ако нивното дете е двегодишно. Ќе го злоупотребуваат, ќе го караат, ќе му поттикнуваат вина и одговорност за "неуспехот" и така ќе го подложат на стрес. Се разбира, тука е валидно спротивното. Познавам жени чии бебиња се научени сосема природно и непречено да ги користат нокширот на многу помала возраст, но тоа не било извор на стрес и тензии за никого.


Дали постои гранична возраст за користење на пелени?


Теоријата за задоцнетото учење на нокшир е основана ги тера родителите да го одложат навикнувањето на нокшир. Некои бебиња манифестираат знаци малку порано, другите подоцна, но тоа се нормални разлики, сепак зборуваме за бебиња. Детето треба да може да оди, па дури и да се качува по скалите, да разбира повеќе едноставни команди (Оди таму !; Дојди овде!), Да може да одговара со "Да" или "Не" на прашања. Обично дете помеѓу 1,6 и 2 години детето ги владее овие работи. Реално откако сите овие фактори се исполнети,  не е аргументирано да се држи пелената. Дури иако детето нема секогаш да ви каже кога ќе има потреба, барем додека е дома нека биде со обични гаќи, за да го почувствува подобро она што се случува.


За колку време во просек можеме да го научиме бебето на нокшир?


Тоа е многу индивидуално. Некои деца буквално за два дена успеваат да го прифатат новиот режим. Тие едноставно не сакаат да им е влажно и многу брзо ја прават врската помеѓу комфорот и одењето во тоалет. Има, меѓутоа нешто како "прозорци на подготвеност", кои ако се погодат, станува многу полесно и побрзо. Само родителите треба да го "фатат" вистинскиот момент и да не го прават тоа агресивно. Во зависност од многу нешта е можно процесот на преминување од пелени на нокшир да трае 3 месеци, понекогаш и доста повеќе.


На крај


Во заклучок, се чини дека ова големо прашање се сведува на слични решенија, како и сите други аспекти од грижата за малите. На прво место е спокојството на мајката и нејзиното чувство за работите. Зашто таа е личноста која најмногу го познава своето бебе и разбира какви се неговите потреби. На второ место доаѓа природноста на изборот и неговата примена - без притисок, насилство и нервози. На последно место, но не и по значење, останува ставот на мајката и прифаќањето на методот.

Што и да одберете ви посакуваме успех и спокојство, за да можете да ги зачувате веселите спомени, а не да се сеќавате на критични моменти и кризни ситуации!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Рецепти за првиот оброк на бебето. Од каде...
И покрај тоа што е традиција во нашите региони, додатоците во исхраната да започнуваат со овошје, словенечките автори на...
4
Babylove Premium пелени - меки како никога...
Затоа што за моето бебе го бирам само најдоброто!
4
Љубовта меѓу мајката и бебето
Научниците кои се занимаваат со развојот на децата, откриле кои физиолошки и хемиски фактори допринесуваат во развојот н...
4
Проверувајте ја крвта!
Доволна е само една капка крв за да се провери крвната слика. Крвната слика, како што велат лекарите, е огледало на наше...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?