|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Разговор со мајката на Дариа која ја победи леукемијата

Марина Кљајиќ Петковски, 28.7.2022
Минатата недела протече прекрасна вест - Дариа го огласи ѕвончето на Детската клиника! Кон радоста која владее во нејзиното семејство се приклучија следбениците кои ја следат приказната за малата Дариа на нејзиниот Инстаграм профил

image
/11


 

 

Се радуваме за секое едно детенце кое со победничкиот звук на ѕвоното ги остава зад себе болничките ходници. Овојпат, неизмерно сме среќни за малата Дариа, која со право го доби епитетот - херој на годината.

По деветмесечна борба со акутна лимфобластна леукемија, со громогласен аплауз малата хероина си замина дома, за рака со својот постар брат.

 

 

 

 

 

Го исконтактиравме нејзиното семејство и нејзината мајка беше прељубезна и ни одговори на неколку прашања.

Рингераја: Како де чувствува Дариа? 

Пред се,сакам да ви се заблагодарам на поканата за ова интервју.

Дариа е секој ден се подобра,пресреќна е што сме дома сите заедно.

А јас сум уште по среќна, кога ја гледам весела, насмеана и разиграна.

 

Рингераја: Како го доживеа сето ова вашиот постар син?

Братчето на почеток не можеше да разбере што всушност се случува. Зошто нема да бидеме дома толку долг период и зошто е забрането да дојде да не види во болница. Но,со тек на време и многу разговор прифати дека тоа е за доброто на Дариа.

Рингераја: На вашиот Инстаграм профил постојано споделувавте за ситуацијата. Сепак, кажете ни накратко како се одвиваше целиот процес, од моментот кога ги забележавте правите симптоми и кои впрочем беа тие, моментот на добивање на дијагнозата преку целиот процес до моментот кој најмногу го чекавте - звукот на ѕвоното.

Голем број на луѓе од Инстаграм ни пружаа огромна поддршка.Секојдневно добивав пораки и совети од мајки кои имале исто или слично искуство.

Ќе повторам една реченица, која ја споделив на Инстаграм 

“Се додека децата добро јадат, додека се темпераменти и среќни, мислиме дека се здрави” 

За жал,суровата реалност често не потсетува дека тоа не е никакво правило. Во нашиот случај беше така!

Дариа од секогаш била едно хиперактивно дете, сама јаде од 7 месеци и никогаш не била болна. 

Септември 2021 год, како преку ноќ с? да се смени. Одеднаш почна да го губи апетитот, стана многу бледа и повеќе спиеше одколку што беше будна.

Ни рекоа дека се работи за анемија и со терапија постепено ќе биде подобра. Помина 1 месец, но подобрување немаше. Секој ден беше сe полошо. Ја изгуби силата во рацете и нозете и почна да губи на тежина.

Тогаш започнавме со подетални анализи, испитувања и кога го добивме резултатот огромен шок! Акутна лимфобластна леукемија.

Плачев со денови и не можев да ја прифатам целата ситуација.

Едно утро си реков стоп, психата е нај важна и треба сама да се решам од стравот. Ако размислувам позитивно, тогаш така и ќе биде, сигурна сум. Ден по ден, до самиот крај на лекувањето ја повторував таа изрека.

Денот кога ни соопштија дека ќе си одиме дома нема никогаш да го заборавам.Таа среќа и радост не може да се опише со зборови!

Рингераја: За вас како родители, што беше најголем предизвик? Се одвиваше ли брзо и лесно лекувањето, имавте ли пристап до неопходна терапија и слично? 

Сите венски терапии беа обезбедени од страна на детската клиника.

Но, голем дел од таблетите ги немаат и требаше сами да си ги набавиме надвор од нашата држава.

Лекувањето траеше полни 9 месеци.

Се состои од 3 циклуси и по завршување на секој циклус се прави пауза дома од 10 до 15 дена. Но, поради јаките хемотерапии поголем дел е со престој во болница и потребен е целосен надзор од лекар.

Да бидеме искрени, лесно и брзо не е воопшто.

Секојдневното соочување со споредните ефекти од лекувањето, потешко е дури и од самата хемотерапија.

Рингераја: Бидејќи најважно кај ваквите болести е навремено откривање и што поскоро лекување, што би им препорачале на родителите, на што да обрнат посебно внимание во однос на здравјето на нивните деца?  

Најголем предизвик за родителите е да го заштитат своето дете на секој можен начин.

Не е лесно да препознаете кога нешто е во ред,а кога треба да кренете паника и да посетите лекар.

Децата може да се разболат и тоа е сосема нормално.

Што и да се случува, не се откажувајте никогаш и размислувајте само позитивно!!! 

Тимот на Рингераја Ви благодари за издвоеното време и на вашата несебична заложба да се информираат читателите за оваа состојба.

На малата Дариа и посакуваме здравје и безгрижно детство а на вашето семејство само убави и среќни моменти! 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Поддршка за мајките да ги дојат јавно свои...
Две третини од мајките би биле посамоуверени и би се чувствувале поудобно во врска со доењето на јавно место ако тоа се ...
5
Милена Станковска - Бирајте здрави произв...
Милена Станковска - Секогаш бирајте здрави и проверени производи за вашите најмили, особено во првата година од животот...
4
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
3
ЛОГОНА ОРГАНСКА нега за бебиња
Логона колекцијата за бебиња е произведена од вниматено одбрани природни органски состојки кои ја хранат и штитат чувств...
3




Анкета

Masko ime
Хепи мами

Najubavo masko ime <3

Karlo (12%)

Sergej (13%)

Matej (75%)


Број на сите гласови: 209

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!