|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Работи што би сакала да ги знаев пред породување

Редакција Рингераја, 6.2.2026
Породувањето е едно од најмоќните и најинтензивните искуства во животот, но ретко некој навремено ве подготвува за сите негови аспекти.

image
Фото:Canva/Породувањето е прекрасно, но и предизвикувачко искуство. Многу мајки по породувањето откриваат работи што би сакале да ги знаат однапред.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Пред да го доживеете, многу нешта изгледаат мистериозно или стравично.

Еве неколку работи што би сакала да ги знаев пред да станам мајка:

 

1. Болката не е единствената работа која се памети

Многумина се подготвуваат само за физичката болка, но емоционалниот момент е исто толку силен. Од возбуда и страв, до непозната среќа, телото и умот минуваат низ бранови што не можат да се предвидат.

 

2. Поддршката во тие моменти е многу важна

Не е исто дали сте сами, со партнер, со пријател или со дула. Присуството на некој кој ве охрабрува и смирува може драстично да го промени искуството.

 

3. Сè може да се промени за неколку минути

Имате направено план за породување. Но рака на срце, ретко нешто се одвива точно како што сте замислиле. Флексибилноста и прифаќањето на непредвидливото се најголема сила и најголемиот момент на одлучност.

 

4. Бебето е вашиот мал професор

Ќе дознаете што навистина ви е важно, а тоа се малите моменти на допир, мирисот на косата, првата насмевка. Секој момент станува златен и секогаш поминува побрзо отколку што мислите.

 

5. Болката се заборава

Парадоксално, но вистинито е дека дури и најтешкиот момент од породувањето со текот на времето избледува, додека радоста од првиот поглед и првиот плач останува засекогаш.

 

6. Не постои „правилен начин“

Секое породување е различно на начин на кој и телото на мајката и бебето функционираат. Не споредувајте со другите, ниту пак критикувајте се за тоа како се чувствувате.

 

7. Мислите дека ќе бидете подготвени, но не сте

Колку и да читате, гледате видеа или присуствувате на часови, првиот контакт со породувањето е ново и непознато. Ќе сфатите дека многу работи не се онакви какви што сте мислеле. И тоа е сосема нормално, за нешто да сте подготвени, за нешто допрва да дознавате.

 

8. Опоравувањето е различно за секого

Не очекувајте да станете супержена веднаш и да се вратите во формата во која сте биле пред целото ова искуство и на бременост и на породување. Телото бара време, одмор и поддршка. Физичките и емоционалните промени се сосема нормални.

 

9. Подготвеноста за доење и исхраната не се секогаш совршени од почеток

Многу мајки се соочуваат со тешкотии. Бебето не се „снашло“ веднаш, има болки или дилеми. Тоа не значи дека сте неуспешни. Со трпение, поддршка и совет од професионалец, сите препреки се надминуваат.

 

10. Љубовта доаѓа поинаку отколку што сте замислувале

Некогаш е само љубов од прв поглед, некогаш емоционален ролеркостер, некогаш збунетост со огромни размери. Некои моменти бараат трпение и навика, но кога ќе се развие чувството на љубов е неприкосновено, безусловно и силно.

 

Породувањето е магично, но и интензивно искуство. Подготвеноста не значи знаење на секој мал детаљ, туку трпение, флексибилност, доверба во себе и во тимот околу вас. Со овие сознанија, првиот чекор кон мајчинството може да биде помирен, посигурен и исполнет со љубов.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Приватно здравствено осигурување
Периодот на бременост налага постојана грижа, неопходни тестирања и купување додатоци. Најголемата грижа на трудниците е...
5
Мигрена и менструација
За многу жени, менструалниот циклус не носи само грчеви и промени во расположението, туку и силни главоболки или мигрени...
4
Што е ХПВ?
Хуманиот папилома вирус е многу честа инфекција, која најчесто поминува без симптоми, но одредени типови можат да предиз...
4
Мојата приказна
Анастазија Терзијева ја раскажува својата приказна за практикување на јогата во бременоста, за подарокот кој си го подар...
4




Анкета

/
Jana9

Dali ste ljubitel na nakit?

Da (43%)

Ne (57%)


Број на сите гласови: 7

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!