Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Овој голем интерактивен настан ќе опфати голем број на области – спорт и рекреација (фудбал, кошарка, ракомет, пливање, одбојка, гимнастика итн), музички училишта, танцови студија (балет, R&B и хип хоп, модерни танци и тн...), едукативни центри, јазични студија, училишен прибор и додатоци и многу, многу други области.
Овој единствен настан има две уникатни цели: првата и најважна - низ директно доживување и искуство да им доближи на сите деца и млади што точно значи секоја област, да ги погледнат во живо реквизитите за спорт, музичките инструменти, да се запознаат со танц, наука, јазици итн, да пробаат низ демонстрација што секоја област подразбира, и самите да покажат кон што имаат афинитет, што им се допаѓа и во што се добри. Ова е прилика која не смее да се испушти, бидејќи ретко кога децата имаат прилика да пробаат СЕ, и самите да покажат за што навистина имаат афинитет.
Подеднакво важно и корисно – настанот цели и да им олесни на сите млади родители кои (во услови на огромна понуда на активности и програми за деца) инаку самостојно би требало да истражуваат, контактираат, посетат и да се информираат за сите програми кои се нудат кај нас, нивните специфики, обучувачи, услови, термини, возрасни групи итн, што знае да биде навистина обемна и макотрпна задача. Наместо тоа, на настанот ќе можат да се информираат од прва рака за повеќе од 50 програми кои се нудат кај нас, и што е најважно – да одберат и на лице место да ги запишат своите најмили на она што ќе одберат по промотивни цени со големи попусти!
Настанот е бесплатен и отворен за посета за широката јавност, а ќе се одржи на 01 и 02ри септември 2018 во спортската сала Форца со времетраење од 10:00 до 19:00 часот двата дена.
Следете ги сите информации и детали на настанот на Facebookи на официјалната Facebook фан страна – ОВДЕ.
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Дали е можна бременост по вазектомија?
Многу парови се прашуваат дали бременост е можно по процедурата познат...
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во нег...
Лекциите на животот доаѓаат тивко
Животот нe учи на лекции кога најмалку очекуваме. ...
Како да забремените со ендометриоза?
Дијагнозата на ендометриоза може да биде загрижувачка за многу жени, о...
Верувајте во процесот и вашето бебе ќе дојде
Кога еден пар ќе одлучи дека е време за бебе, очекувањето често е дека...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?