Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Чудо од мајка преживеала четири срцеви и мозочен удар за време на раѓањето на близнаците. Џорџ Кормак (33) скоро почина откако го роди нејзиното прво бебе Оскар. Нејзиното срце престана да работи, а таа доживеа двоен удар.
Нејзиното второ дете Кони не дишеше кога се роди, но беше вратено во живот од докторите во Colchester General Hospital, Essex.
Госпоѓа Кормак преживеа емболија со амнионската течност – ретка и смртоносна појава која може да се случи на 1:20000 трудници.
Амнионската течност во која живее бебето влегува во крвотокот на мајката и предизвикува алергиски реакции.
Мајката на двете деца вели: “Кога требаше да го прославувам најсреќниот момент во мојот живот, не знаев која сум, што сум и што правам таму. Бев во неможност да ги разберам сите чудни звуци кои ги правеа луѓето околу мене”.
Таа беше ставена во индуцирана кома, која ќе му помогне на телото да се опорави. Потоа и следеше тримесечна борба во која повторно научи да зборува и да се движи со помош на нејзиниот терапевт Алисон Врен.
Сега, 10 месеци по нејзиното тешко искушение таа е во можност да ужива во животот со своите близнаци во својот дом во Тексас.
“Поминав низ трауматичен и стресен период. Но најмногу од се', се чувствувам среќна. Голема среќа е што останав жива и што имам терапевт како Алисон, за да можам да ја раскажам мојата животна сторија. Не можете ниту да замислите колку сите вложуваа во моето опоравување. Моето семејство и мојот терапевт се херои!”

Џорџ ја опиша својата долга и исцрпувачка битка за опоравување. Таа морала да се врати во прво одделение, да ја учи азбуката и да учи препознавање на предметите.
Г-ѓа Врен вели: “Џорџ напредуваше многу добро. Она што ќе го предвидев за работа во една седмица, таа сакаше да го завршиме во еден ден. И навистина и одеше добро. Никогаш не сум видела некој кој е толку решителен. Тоа што Џорџ се врати во денешната позиција е неверојатно.”
Г-ѓа Кормак изјави: “И благодарам на мојата терапевтка. Таа ми го спаси животот. Му благодарам на тимот во болницата, на докторите, сестрите и акушерките кои ни ги спасија животите за време на несреќниот настан. Им благодарам на тимовите за нерво рехабилитација, кој ме вратија во живот.”
Г-ѓа Кормак е повторно дома со сопругот и двете бебиња и се надева дека за скоро ќе биде во можност да се врати на работа.
6
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Најчестите причини поради кои бременоста доцни
Доцнењето на бременоста е чувствителна тема за многу парови и може да ...
Емоционалниот товар на неплодноста
Неплодноста не е само медицински предизвик, туку и длабоко емоционално...
Пливањето и менталното здравје. Ослободување од стресот
Пливањето не е само физичка активност, туку и еден од најдобрите приро...
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Како летните горештини влијаат на бременоста?
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.