|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Преубаво писмо на мајка на аутистична ќерка

Nikolina Nakic, 31.8.2016
Не ме прашувајте зошто баш денес го пишувам овој текст. Немам посебна причина. Имам милион причини
Клучни зборови:

image
/11


 

Секој родител, а посебно родител на дете со посебни потреби, има еден огромен страв: што ако нешто ни се случи, што ќе биде со нашето дете?

Нема да пишувам општо, ќе пишувам конкретно: моето девојче, мојата мала смеѓокоса вила, има аутизам. Заробена е во светот во кој постојат зборови, но не излегуваат надвор. Постојат бои, облици и емоции, но заробени се во тие мали главчиња.

И се прашувам: што ќе биде еден ден? Што ќе биде со неа?

“Еден ден јагне мое, кога ќе ги затворам очите, светот ќе постои и понатаму, но твојот свет веќе никогаш нема да биде ист. Толку многу посакувам за тебе. Толку многу што на другите им е нормално, а за нас е невозможна мисија: нормално школување, брак и мајчинство. Често низ солзи ја молам Богородица, која и сама ги искусила мајчинските болки да ни помогне, ако јас и маж ми не сме достојни за милост, дека душата на нашето дете е побела од лилјан...и тогаш застанувам...дали мерам  по човечко или по Божје, бидејќи јас во денот ќе згрешам стопати, а мојата мила ниту еднаш.

Во едно сум сигурна: никој освен Создателот никогаш нема да може да те сака повеќе од мене. Ниеден твој неуспех нема да го чувствувам никако поинаку освен како камен на душата, ниедна навреда и неубав поглед нема да ги доживеам никако, туку како меч кој ми ја прободува душата.

На Земјата сме само привремено и заради тоа често ја нарекуваме Долина на солзите, заради страдањата на кои сме изложени, но сакана моја, од оној ден кога се роди, до моментот кога мојот свет ќе изгасне, секоја моја мисла ќе ти биде упатена тебе. И чудна е таа мешавина на љубов, болка, среќа, страдање и гордост. И невозможно е да се најде збор кој го обединува тој спектар на емоции, кои живеат во срцето на  родителот.

Кога еден ден ќе престанам да чекорам по твојата патека и да ја држам твојата мала слатка рака, едно можам да ти  ветам: Љубовта никогаш не умира и никогаш вистински нема да те напуштам. Ќе те следам и ќе те чувам каде и да појдеш и што и да правиш, упорно и вечно, трпеливо и до крај. Во времето и просторот.

Сега си уште малечка. Ако некогаш душо на мојата душа научиш да читаш, или да ти читаат знај: ќе се наоѓам во трепетот на крилата на пеперутките околу тебе, ќе го погалам секој цвет кој сакаш да го скинеш и во неговиот одраз ќе го видиш моето лице.

Ако некогаш бидеш тажна, ќе дојдам со ветрот да ти кажам дека ќе помине, баш како што правам и денес. Љубовта е неуништлива и не познава граници на материјалниот и нематеријалниот свет и баш заради тоа можам да ти ветам дека со неа ќе бидеш обвиткана како со флуид, кој прави помалку да боли.

Ќе ме пронајдеш секогаш и секаде, доволно е само да помислиш на мене и ќе бидам тука за тебе. Засекогаш.

Сакам само да знаеш дека те сакам од првиот ден – кога те посакав, кога ги здогледав најубавите бадемови очи на овој свет. Знам дека не знаеш што значи кога ќе ти кажам дека те сакам. Но јас ќе продолжам и понатаму да ти го кажувам тоа, илјадници и илјадници пати и никогаш нема да се уморам малечка моја, кажувајќи ти го тоа, бидејќи знам дека длабоко во душата дека твојата душа го разбира значењето на љубовта. Ти си создадена од чиста љубов, па како може да не ја разбереш...

И знаеш, никогаш всушност нема да исчезнам. Ќе дојдам да те бакнам таму каде што те боли, да те прегрнам кога  ќе ти треба прегратка  и ти се колнам малечка моја, ќе знаеш дека тоа сум јас, дека тоа сме ние. Отсекогаш сме биле ние.

Како еден ден јагне мое?Нема да се плашиме. Не додека постои љубовта. Таа не познава страв и не познава трепет, само дава ветување за нешто толку прекрасно.

Се надевам дека ќе можеш да ги разбереш овие зборови. Ако не со умот, тогаш со срцето. Бидејќи во него се всели од првиот ден и ќе живееш таму за навек. Без страв, прекрасна моја. Оној кој не создаде не познава страв и има само чиста љубов. Зошто би било поинаку со нас?”

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Влијаете ли негативно на Вашето дете?
Целта на родителите е да ги заштитат своите деца истовремено учејќи ги како да се заштитат самите себеси. Но постојат ро...
3
Детето е човек во облека на дете!
„Децa има разни, но секое дете е личност, разликите не се казна, во разликите е нашата сличност.“
3
Мамин син?!
Овие мајки несвесно се плашат дека ќе станат непотребни и бескорисни, без никаква смисла за животот, кога син им ќе пора...
3
Како да ги заштитите децата од ликот Момо?
Откако повторно се крена прашина околу морничавото суштество Момо, кое ги тера дечињата да прават работи кои може да им ...
3




Анкета

Фудбал. За кого навивате на ЕП 2024?
пеперутка16

За кого навивате на ЕП 2024?