Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
ОПКРУЖУВАЊЕ
Чиста, умерено затоплена просторија, без присуство на многу луѓе;
ПРЕПОВИЕНО ВО ЧИСТИ ПЕЛЕНИ
Пред да се почне со доење, пожелно е новороденото дете да биде преповиено во чисти пелени; тоа ви овозможува да следите колку добро цица детето, и колку често ги мокри пелните;
ПОЛОЖБА НА МАЈКАТА И ДЕТЕТО
Положбата на мајката треба да биде УДОБНА, може да е легната или седната, во зависност од нејзината здравствена состојба; положбата на детето треба да обезбеди добар контакт со градата на мајката;
ПРАВИЛЕН КОНТАКТ СО ГРАДАТА
Со правилниот контакт се овозможува успешно и ефикасно цицање, се избегнува голтање воздух, а истовремено се избегнува болка и оштетување на брадавиците на мајката.
ФРЕКВЕНЦИЈА НА ДОЕЊЕТО
Новороденото дете се дои толку често и толку долго колку што сака самото. Тоа овозможува создавање доволно млеко во градите на мајката и тоа според индивидуалните потреби на секое дете.
ПРОЦЕНКА НА КОЛИЧИНАТА МЛЕКО КОЕ ДЕТЕТО ЈА ИСЦИЦАЛО ВО ТЕК НА ДОЕЊЕТО
Многу ретко се случува мајката навистина да нема доволно млеко. Тоа најчесто е поврзано со самиот почеток на доењето, но и со здравствени проблеми на мајката, како на пример, намалена функција на штитната жлезда, претходни операции на дојките, емоционална напнатост и стрес и др. Најдобро е да се остави новороденото дете само да покаже дека примило доволна количина млеко во текот на доењето. Некои од знаците за задоволување на неговите потреби се отпуштање на брадавицата или заспивање. Мајката треба да провери дали детето ја испразнило едната града, па дури тогаш да го стави на другата града, со цел да се исцица и погустото масно млеко кое го има во „втората” порција. При секое следно доење, се препорачува да се почне со градата која претходно била втора.
Забелешка
ако новороденото дете не добива во тежина и не расте во должина, ако постојано спие, или тешко се буди, постои веројатност дека не добива доволно млеко;
- појава на потечни и зелено обоени столици, исто така, може да покаже дека детето не цица доволно.
- Во овие ситуации, потребно е да се направи консултација со вашата патронажна сестра и со матичниот лекар – педијатар.
ВАЖНО!
- Мајките што дојат НЕ ТРЕБА да пушат
- Мајките кои дојат, а примаат лекови, треба да се консултираат со својот лекар. Постои листа на Светска Здравствена Организација на лекови кои влијаат на доењето и им помага на здравствените работници да даваат правилни совети за примена на лекови и доење.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Секој ден ни е подарен како празна страница. Но, често, наместо да ја ...
Заеднички моменти, незаборавни спомени
Во трката по обврски, планови и секојдневни задачи, лесно е да заборав...
Доењето не е само начин на исхрана. Тоа е еден од најприродните и најм...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?