|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Опасности од абортусот

Редакција Рингераја, 18.8.2011
Кои се можните компликации по абортусот?

image
/11


 

 

Според статистичките податоци годишно се светот се вршат меѓу 36 и 53 милиони абортуси. Тоа значи дека секоја четврта бременост завршува со вештачки прекин. Практично 90% од жените барем еднаш во животот имале абортус.

 

Какви компликации носи абортусот?

Не станува збор за психолошката драма на жената, која се одлучила на абортус, или за нејзините морални дилеми. Станува збор за тоа дека абортусот може да биде реална закана за здравјето, како и за животот на жената.

При абортусот опасностите доаѓаат не од операцијата, туку од можните компликации по неа. Ризикот за развој на една или друга компликација зависи од возраста на жената, од нејзиното здравје, претходните бремености и други фактори.

Ниту еден искусен специјалист нема да даде 100% гаранција дека по абортусот се' ќе помине без компликации и дека нема да останат последици.

Најчести и најопасни се инфективните компликации. Штетните микроорганизми навлегуваат во матката и може да предизвикаат тешки воспаленија. Понекогаш се развива бактериски или септичен шок кој е директна закана за животот на жената. При бактериски шок се отежнува работата на мозокот, срцето, бубрезите и црниот дроб, што може да доведе до смрт.

Абортусот е повеќекратен стрес за организмот кој е поврзан не само со психолошките премрежија, туку и со нагли, вештачки предизвикани, хормонални пореметувања. Покрај тоа, оваа интервенција не може да биде апсолутно стерилна. За жал, во некои случаи, антибиотиците препишани по развојот на инфекцијата, не даваат позитивен резултат.

За време на бременоста матката се зголемува, станува тешка и масивна за сметка на зголемување на мускулите. Количината и големината на крвните садови се зголемува заедно со матката. Овие измени се предизвикани од природниот, нормален раст и развој на фетусот кој се наоѓа во неа. Абортусот, направен по хируршки пат е механичко отстранување на плодот и неговите обвивки во матката со помош на специјални остри алатки, кои создаваат негативен притисок во нејзината шуплина.

Постојат различни начини за превенција и запирање на предизвиканото крварење. Понекогаш е доволно само физичкото влијание врз матката (ставање мраз на долниот дел од стомакот), но лекарите почесто прибегнуваат кон давање на лекови кои предизвикуваат намалување на матката и механичко запирање на крварењето.

Во праксата на секој гинеколог има по неколку случаи кога целосно здрава жена, која дошла на абортус, ја изгубила својата понатамошна шанса да стане мајка.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Големината на плодот во третата недела од ...
Моментот кога животот започнува да се развива иако невидливо за очите, промените се сепак огромни.
45
Научете нешто за вашиот циклус
Женското тело е неверојатно прецизен и чувствителен механизам. Менструалниот циклус не е само „неколку дена во месецот“....
16
Список за нарачки, што ви треба во бремено...
Кога ќе дознаете дека сте бремени, првите работи што ќе ви паднат на ум се: „Што ми треба? Што да купам? Дали нешто ќе з...
7
Градите за време на бременоста
Од првите недели на бременоста, телото на жената започнува серија неверојатни трансформации и градите не се исклучок. Вс...
5




Анкета

Dali?
Jana9

Dali bi poset_ile estetska hirurgija ako od toa imate potreba?

Da (67%)

Ne (33%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!