Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
За бебето на возраст од 12 - 18 месеци, огледалото е неопходна играчка, која овозможува сфаќање на телесната шема, односно гледање на сопственото тело во просторот. Иако бебето сеуште не се препознава себе, набрзо ќе почне да си игра со својот лик во огледалото.
Реакција на огледалото
Првите реакции на бебето на огледало се во главно чудење, страв и радозналост, па затоа е добро покрај бебето да биде мајката, таткото, или некоја друга возрасна личност за бебето и нив да ги види во ликот на огледалото.
Насмевката на нивните лица во огледалото ќе го смири бебето и тоа ќе почне да се смее. Некои деца веднаш добро реагираат, го допираат ликот во огледалото, се обидуваат да го извлечат или тргнат настрана, го бакнуваат...што никако не значи дека детето е нарцисоидно, како што повеќето родители би помислиле. Ова е само една фаза од растењето низ која детето поминува, а Вие треба да му овозможите тоа да го направи на вистински начин.
Таму сум јас
Најдобро е огледалото да биде прицврстено за ѕид, да не може да падне и доволно големо за детето да може да се види во целост и да го види лицето на мајката покрај себе. Како на оваа возраст децата лазат, огледалото треба да биде поставено ниско, за детето да може да го користи кога ќе посака. Во случај да нема можност за тоа, треба да му дадете пластично огледало во кое ќе може да го види својот лик.
Пат до самостојноста
Гледајќи се себе во огледалото детето полека сфаќа дека е одвоено од мајката, што е пат до неговата самостојност. Кога ќе се препознае себе – зависи од неговата зрелост. Ова е долг процес кој се одвива во периодот меѓу првиот и вториот роденден.
6
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за ...
Безбедно разладување на просторија каде што спие бебето
Во топлите летни денови, високите температури можат да бидат непријатн...
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...
Вистинската паста за заби за вашето дете
Грижата за детските заби започнува уште со појавата на првото запче. ...
Бартолиновите жлезди се мали жлезди кои се наоѓаат во женскиот репроду...