Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Редакција Рингераја :
Кога се воведува кравјото млеко во исхраната?
Одговор: Прим.д-р Јасна Анастасовска, Ремедика
Воведување на неразредено кравјо млеко(тетрапак) во исхрана на детето, се препорачува после навршена една година. Во новороденчкиот и доенечкиот период , доколку мајката нема доволно млеко за доење, се препорачуваат млечните формули, кои претставуваат адаптирано кравјо млеко, кое по својот состав е приближено до својствата на хуманото млеко.
Редакција Рингераја :
Кои се штетните дејства и негативните страни на кравјото млеко?
Одговор: Прим.д-р Јасна Анастасовска, Ремедика
Природата се погрижила да составот и карактеристиките на мајчиното млеко биде идеална храна за секој вид. Така , хуманото млеко претставува најдобар избор за растот и развојот на бебето. Кравјото млеко содржи одредени белковини (казеин) и масни киселини( бутерна) кои го прават кравјото млеко тешко сварливо и искористливо. Поради тоа се создаваат и микролезии , со микрокрварења во желудечната слузница, што води до развој на анемија кај бебето. Поради врзување на калциумот за масните киселини од млекото ,во цревото, кравјото млеко потенцира развој на рахит кај детето( рахитогено дејство). Поголемата концентрација на солите во кравјото млеко ги оптоварува незрелите бубрези кај бебињата. Ова се само најбитните негативни ефекти од употребата на кравјото млеко во исхрана на децата под 1 година .
Редакција Рингераја :
Како да реагираме доколку нашето бебе има алергија на храна?
Одговор: Прим.д-р Јасна Анастасовска, Ремедика
Во првата година од животот , алергија на храна е најчест тип алергија. На прво место избива алергија на кравјото млеко (која може да се појави и доколку бебето е на доење, а мајката конзумира кравјо млеко). Можна е појава и алергија на други нутритиенти,особено доколку се рано внесени (портокал, киви, јајцето, какако, чоколадо, кики-рики,смоки, се силни алергени)
Основно правило е да се прекине внесот на храната на која се сомневаме дека е предизвикала алергијата и да се направат одредени тестови ( ИгЕ, алерготестови) за докажувањето на причинителот. Познато е дека со растење и зреење на дигестивниот систем, се намалува рано пројавената нутритивна(на храна) алергија.
4
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Кога чудата бараат мала помош, патот до забременување
Чудата некогаш бараат малку помош, особено кога станува збор за забрем...
Практични совети за полесни денови со новороденче
Доаѓањето на новороденче во домот носи огромна радост, но и многу нови...
Основни чекори во секојдневната хигиена на бебето
Секојдневната хигиена е важен дел од грижата за новороденчето и малото...
Сe што треба да знаете за правилно менување пелени
Менувањето пелени е една од најчестите, но и најважните рутини во гриж...
Исхрана за повеќе млеко, рецепти за доилки
Создавањето на мајчино млеко зависи од повеќе фактори како честотата н...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?