|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Домашни или купечки кашички?

Редакција Рингераја, 26.4.2012
Дознајте ги предностите и маните на индустриските кашички и кашичките од кујната на мама

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Кашичките од зеленчук се воведуваат во исхраната на доенчињата три недели по воведувањето на житарици. А кога за тоа ќе дојде време, родителите имаат многу прашања. Најчеста е дилемата дали се подобри домашните или купечките кашички.

Ќе се обидеме да одговориме:

 

Кашички од кујната на мама

 

Плус за домашните кашички: Подготовката на храна за бебето не се разликува многу од подготовката на храна за целото семејство. Таквиот начин е поефтин, постои можност за полесно мешање на зеленчукот при правење на пире и поголема разновидност. Исто така, на тој начин ги користите продуктите кои ги купувате и за останатите членови на семејството. Домашната храна е повкусна од индустриската, а нејзиниот состав може да се контролира до најситниот детал. Освен што е квалитетна, таа е и поефтина.

 

Минус за домашните кашички: За подготвување на храна за доенче во домашни услови потребно е повеќе време и напор.

 

Индустриски направени кашички

 

Плус за индустриските кашички: Комерцијалната храна за бебиња е практична и сигурна и одговара на препораките на Европската асоцијација за гастроентерологија, хепатологија и исхрана. Адекватна и прилагодена на возраста на бебето, пакувана во мали порции и згодна за престој надвор од домот.

 

Минус за индустриските кашички: Готовите кашички често содржат повеќе вода, скроб и шеќер од храната направена во домашни услови. Царевниот скроб или оризовото брашно служат за згуснување на кашичките, а во некои од нив се додава сол или шеќер – за да им се подобри вкусот. Тие додатоци не се опасни, но го заземаат местото на здравите состојки и ги разблажуваат нутритивните својства на храната.

 

Најчести дилеми

  • Колку треба бебето да изеде за еден оброк?

Иако препораките на педијатрите се различни, родителите треба да му дозволат на доенчето само да одлучи колку ќе изеде. Улогата на родителите е да изберат што ќе јаде бебето, а бебето само ја одредува количината.

 

  • Дали количината на витамини е иста во индустриските кашички и кашичките направени во домашни услови?

Нутритивниот состав е отприлика сличен – што покажуваат многу студии. Тоа е заради тоа што овошјето и зеленчукот се процесираат веднаш по бербата, па нема време да се изгуби нутритивната вредност. Процесот на обработка тече брзо, а еднаш спакувани во тегличка, состојките потешко ја губат нутритивната вредност отколку кога стојат свежи подолго време – бидејќи не се изложени на воздух, кој е еден од разградувачките фактори.

 

Дали оброците подготвени во домашни услови се похранливи од купечката храна?

Секако, вкусот на домашно подготвената храна секогаш ќе биде посупериорен. Очигледната предност на направените кашички е што го знаете точниот сооднос на состојките во неа, како и склоноста на Вашето бебе кон одредени производи. Ако обезбедите свежа храна додека бебето е мало, ќе формирате вкус кај детето повеќе да сака домашно подготвена и свежа храна и подоцна во животот. Подготовката на храната дома ќе Ви овозможи подоцна да додавате и зачини, да комбинирате вкусови, правејќи го оброкот на бебето неодолив.

Кога Вашето мало дете ќе порасне и ќе почне да јаде со остатокот од семејството продолжете да подготвувате вкусна храна од продуктите кои се на располагање во таа сезона. Подготовката на храната дома обезбедува најдобро можен нутритивен состав и потполна контрола  над бебешката исхрана.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Работи кои не треба да ги загрижуваат роди...
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи колку мајките се сензитивни во периодот по породувањ...
4
Топлотен осип кај бебиња
Топлотниот осип, познат и како преклички топлотен осип, е честа појава кај бебињата, особено во топлите месеци или во ср...
4
Ѕвезда на бебе календар за 2021 година - Ф...
Дојде моментот да блесне и втората ѕвезда на небото на Рингераја, ѕвездата на месец ФЕВРУАРИ
4
Прво македонско млеко препорачано од педиј...
8 мај 2013, Скопје. Битолска Млекара го претстави својот нов производ трајно млеко со десет витамини кое воедно е првото...
4




Анкета


Еца

Што е она што во моментот ви фали?

дете (29%)

пари (37%)

работа (5%)

ништо од наведеното (29%)


Број на сите гласови: 38

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!