|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ако имате проблем при гласање и пријава

Редакција Рингераја, 19.11.2019
Ве молиме детално следете ги упатствата

image
/11


Драги родители,

иако започна гласањето, се уште примаме фотографии за деца од 0-5 години на тема: пред, за време и после бањање/нега на вашето дете. Пријавувањето трае до 29.11 година, а гласањето трае до 04.12.2019 година. 


Често се појавуваат проблеми кои се трудиме да ги решаваме штом ќе се случат.

Најчести ваши прашања се:

  • Не можам да ставам фотографија

Се што треба да направите е да проверите дали фотографијата е преголема. Намалете ја само за неколку пиксели и повторно ставете ја. Ќе успеете сигурно. Ако не успеете, тука е администраторот. Пишете ни на нашата фан страна на ФБ или на е-адресата babykalendar@danu.biz и најмногу за 24 часа вашата фотографија ќе биде во галеријата.


  • Пријателите не известија дека гласале, но гласот не бил регистриран

Уште еднаш да објасниме како се гласа

1. Се гласа така што се кликнува на копчето "Мојот глас за оваа ѕвездичка!" кое се наоѓа од десната страна на фотографијата!

2. Со кликнувањето на тоа копче, само при првото гласање, ќе се отвори прозорец во кој ги внесувате податоците (име и е-адреса)

3. Проверете ја вашата е-адреса (Inbox, Spam, Junk) и кликнете на линкот за конфирмација

4. Со кликнувањето сте го потврдиле вашиот прв глас. Секој следен глас за некоја друга фотографија, нема потреба да го потврдувате.

5. По гласањето, направете рефреш на страната.

6. Избришете cache i cookies.

7. Од една адреса, за едно дете може да се гласа само еднаш.


Напомена: Многу корисници пријавија дека не им стигнува e-mail со линк за конфирмација на првиот глас на поштата yahoo. Исто така и програмерите на Рингераја потврдија дека постои проблем со пораките на поштата yahoo.

Вие не прашувате: дали гласањето мораше да биде преку e-mail.

Нашиот одговор е: Потврдата преку e-mail беше најсигурен и најбезбеден начин за да нема манипулација при гласањето и се покажа како добра опција во Србија и Босна и Херцеговина каде овој натпревар се организира седма година. Доколку беше само со копче Like, шансите за манипулација со гласовите се преголеми. Во периодот на тестирање (пред почетокот на гласањето), беа тестирани повеќе големи mail сервери, меѓу кои и yahoo и немаше никаков проблем со пристигнувањето на мејловите. Проблемот се појави откако започна гласањето со тоа што за кратко време (во тек на првите неколку часови) беа испратени премногу барања за гласање и безбедносниот систем на yahoo не блокира, бидејќи не препознава како спамери. Нашите корисници имаат испратено вкупно 6190 барања за гласање преку yahoo, од кои само 497 се потврдени.

Можно решавање на проблемот: Ги молиме членовите кај кои пристигнала порака на yahoo (вкупно 497 потврдени на yahoo) да ја означат пораката како NOT SPAM со цел да му кажеме на yahoo дека не сме спамери.

Друго решение е да се избегнува гласање преку yahoo.

 

  • Дали 12-те фотографии со најмногу гласови автоматски се и победници

Одговорот е во Правилникот објавен пред почетокот на натпреварот:

Членови и посетители на порталот www.ringeraja.mk ќе имаат можност со својот глас (клик на копчето Гласај) да одберат 100 најсимпатични фотографии од 13.11 до 04.12.2019 година. Од тие 100 фотографии комисијата (од 05.12 до 07.12) ќе одбере 12 фотографии, по една за секој месец од годината, а сите 100 најсимпатични фотографии ќе бидат прикажани на страницата на www.ringeraja.mk


Доколку имате проблеми, недоумици и прашања, можете да не контактирате:


Не заборавајте да ги повикате вашите пријатели да гласаат за фотографијата на вашето дете (но и за сите други симпатични фотографии)

Доколку сакате, поставете линк со фотографијата на вашето дете на вашиот ФБ ѕид.


Повикајте ги пријателите да го пријават и нивното дете за "Ѕвезда на бебе календар 2020"

>>> ТУКА <<<


НАПОМЕНА: 

Драги родители, не ни испраќајте фотографии на кои се гледаат гениталиите на детето. таквите фотографии не можеме да ги објавиме. 


Пример на правилна фотографија: се гледа само главата со мокра косичка и пена од шампон, сушење или чешлање на косичката додека детето е замотано во пешкир или соодветна облека, или дете во кадичка но поголемиот дел од детето потполно покриено, или игра од вашето малечко пред или после бањање, симпатична насмевка, поглед или некаква солза за време на бањањето, или можеби само некоја неодолива поза само за вас (и нас).. Не е дозволено на фотографијата да е присутен производ, лого или натпис од конкурентен производ на Johnson’s baby производите.

Фотографиите треба да го задоволуваат минималниот квалитет, да се сликани со фотоапарат или мобилен телефон со минимална резолуција 3 мегапиксели и минимална ширина 1600 пиксели поради можноста за користење на фотографиите во печатење на календарот.
Фотографиите треба да бидат во боја и без стилски додатоци, да не се објавувани во други медиуми.


СРЕЌНО НА СИТЕ!!!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бебето треба да спие со мајката до третата...
Бројни истражувања покажале дека срцето на бебето е под многу поголем стрес ако треба да спие само
5
Кога во семејството имате близнаци
Уште од самиот почеток на бременоста животот со близнаците е покомплициран и бара поголем надзор.
4
Готвач за бебе
Овошни кашички од 6-8 месеци
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4