|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Одбележан 2-ри април, светскиот ден на аутизмот!

Редакција Рингераја, 3.4.2014
Среда, 2-ри април, светскиот ден на аутизмот – овој посебен ден беше исполнет со значајни настани!

image
/11


 

Среда, 2-ри април, светскиот ден на аутизмот – овој посебен ден беше исполнет со значајни настани!

Претпладнето беше посветено на отворањето на дневниот центар за аутизам во Скопје, во рамките на центарот за социјални работи. Дечињата добија свое катче каде што можат во посебни услови да имаат креативни и едукативни активности. Пред самиот центар се нареди големата сложувалка заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, Срѓан Керим и здружението Во мојот свет, а пред крајот бројни сини балони се пуштија симболично во воздухот.

Попладнето се префрливме во Скопје Сити Мол каде што здружението "Во мојот свет" организираше спектакуларен настан исполнет со многубројни активности. На настанот, кон пошироката јавност, се обрати високиот претставник на Европската унија Н.Е. Аиво Ораф кој апелираше да се прошири свеста за аутизмот како состојба и навремено да се делува. Меѓу гостите беше и г-ѓа Маја Иванова која секоја година дава значајна поддршка на настанот, а дечињата од посебните училишта Златен Сремец и Маја Овчарова, како и танцовите групи на Ребис настапија со забавни точки кои никого не оставија рамнодушен. Како посебно изненадување на настанот се промовираше официјалната химна на аутизмот во Македонија, изработена од браќата Тавитјан, а изведена од Ребека, Влатко Лозановски и Џафер.

Настанот заврши со доделување благодарници, местење на големата сложувалка заедно со ракометарите од Металург кои им поделија и маички на дечињата како и моторџиите од клубот Волци.

Чест ни е што Рингераја беше директно вклучена во овие прекрасни настани како поддржувач. Заедно ќе продолжиме да ја шириме свеста за аутизмот, да понудиме содржини и бројни активности, за младите родители во Македонија навремено да се информирани и едуцирани.

 

Погледнете ја галеријата со фотографии ТУКА

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

На слончето на Халкбанк му треба име!
Биди кум на новата маскота за Детско штедење и можеш да добиеш 10.000 ден.
3
Како до награда? Како до победа на Рингера...
Сакате ли некоја од слатките награди од Винчини? Сакате ли ПОБЕДА на Рингераја.мк? НАПРЕД РИНГЕРАЈЦИИИИ!!!
3
Силата на добрината во свет полн со горчина
Во време кога грубоста станува одбрана, а горчината секојдневие, добрината изгледа како слабост.
3
Ден исполнет со смисла
Да замислиме за миг, како изгледа еден обичен ден на човек што ја работи својата работа од соништата?
3




Анкета

Грип
NatashaN

Дали се плашите од новиот т.н. свински грип?

Да (71%)

Не (29%)


Број на сите гласови: 120

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!