Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
На јапонски постои општ поим “gaman” за кој нема точен превод но значи “цврсто да се издржат сите неволји”. Нивната дисциплина и прибраност, се лекција за сите нас! Со нашите срца и мисли сочувствуваме со јапонскиот народ и не можеме да останеме рамнодушни на страшните глетки предизвикани од најсилниот земјотрес во нивната историја, но пред се им се восхитуваме!
Неверојатен е контрастот меѓу големината на трагедијата која пред неколку дена ја зафати Јапонија и смиреноста на луѓето кои се погодени од неа. Важен момент за размислување за нас! Снимките и фотографиите кои доаѓаат од Јапонија покажуваат, од една страна голема физичка голгота на земјата, предизвикана од деструктивната сила на природата. Од друга страна, јасно избива на виделина внатрешната сила на Јапонците која е извор на рамнотежа за целата земја.
Прибраноста и сталоженоста не се случајни
Прибраноста и сталоженоста не се случајни и не можат да се припишат само на историјата на оваа држава која ги засновала своите обичаи врз база на почитување и дисциплина. Во овој случај има уште нешто: планирање, почитување на природата и тоа што таа претставува (за разлика од некои кои се сигурни дека можат да ја скротат) и верувањето дека се што е модерно служи пред се за сигурноста и безбедноста на граѓаните. Од сето ова се раѓа племенито и ретко чувство кое можеме да го наречеме прибраност и смиреност.
Гледајќи ги сликите на разните телевизии не е лесно да се сфати како е можно да се избегне општата паника, кражбите по продавници, очајот и чувството на изгубеност. Одговорот е едноставен: треба да се биде подготвен. Овие подготовки се конкретни, бидејќи на Јапонците се мора да им биде добро испланирано. Така на пример, училиштата, зградите, метроата и другите станици, болниците – сите јавни места имаат свој план на евакуација кој е добро подготвен и кој се вежба одвреме навреме.
Сите, од мали нозе, добро знаат што треба да прават во време на земјотрес и после него: да се сокријат под столица, да одат во бањата (најчесто најстабилниот дел од куќата), да ја покријат главата со цврст предмет, да го исклучат шпоретот и да облечат чевли (за заштита на стапалата од искршено стакло). Важно е влезната врата да остане отворена, за следните потреси да не го блокираат излезот.
Кога ситуацијата е под контрола се зема ранец за итни случаи кој секогаш мора да биде спремен, се става кацига и се оди на однапред договореното место на собирање, за да се добијат упатства за понатаму.
Јапонците се оценуваат себеси и другите врз база на способноста за самоконтрола
Психолошката подготвеност е најважна и впрочем таа го карактеризира овој народ. Контролата на чувствата е психофизичка вежба на која Јапонците се навикнати од мали. Покажувањето на тага или радост во јавност се смета за засрамувачка слабост. Нам можеби оваа реакција на јапонскиот народ ни изгледа ладна, но кога мора да се живее под постојана закана од природата, контролата на личните чувства е единствен начин за да се преживее.
Уште една важна работа не смее да се изневери во случај на вонредна состојба – Правилата мора да се почитуваат бидејќи само така се одржува социјалниот ред. Без оваа контрола на болката и стравот оваа земја би паднала во потполн хаос и луѓето би биле потполно изгубени. После оваа катастрофа истражувањата ќе продолжат и повторно ќе се пишуваат упатства за преживување, но овој народ ќе победи и ќе биде уште појак.
Почитувањето на правилата спасува животи
Не е занемарлива ни доста критикуваната техничка подготвеност на Јапонија за земјотрес. Развиеноста на Јапонија, нејзината економска моќ и стриктното почитување на граѓанските прописи, овозможиле јапонските згради во своето подножје да имаат посебно скриени гумени влошки и хидраулични шок апсорбери кои зградите ги прават најстабилни во светот, во случаи на земјотрес. Вдолж јапонскиот брег, знаците за предупредување од цунами, високи ѕидови кон морето и видливо обележаните патеки за евакуација, даваат одредена заштита од морето. Сето ова, покрај редовните подготовки за земјотрес и цунами, ја прави Јапонија најподготвена земја за совладување на овие природни неприлики, што сигурно ќе спасат многу животи, иако сеуште не се знае точниот број на жртви.
Извор: NY Times
Кога своите деца ќе ги запознавате со правилата на однесување во случај на земјотрес, предлагаме тоа да го направите на јапонски начин. Основни совети и упатства можете да најдете на сајтот на Меѓународниот центар за комуникации во Токио
забава Бремените
Автор: bobik
Во денешно, опкружени со технолошки и културни промени, комуникацијата...
Огледалото – важна играчка за бебињата
Малото огледало е повеќе од обична играчка за бебињата. Тоа е еден од ...
Калциум и витаминот D за бремени жени
Бременоста е период кога телото на жената не само што создава нов живо...
Кожата е најголемиот орган на телото и првата линија на одбрана против...
Кардио vs. тежински тренинг за слабеење
Кога станува збор за слабеење, една од најчестите дилеми е: дали е по...