|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Од што се плашат новопечените мајки?

Редакција Рингераја, 4.4.2012
Ќе станам како мајка ми, сексуалниот живот ми заврши, немам доволно пари, ќе бидам лош родител, мајчинството е тешка професија....Со какви се' стравови се соочуваат новопечените мајки?

image
/11


 

 

Ќе се претворите во Вашата мајка

Со станувањето мајка, сакале или не, во барем мал дел ќе се поистоветите и ќе се препознаете во Вашата мајка и во нејзината мајчинска грижа кон Вас. Многу пати ќе ги слушате нејзините зборови како излегуваат од Вашата сопствена уста. Тоа е неизбежно, бидејќи таа за Вас е првиот и најсилен пример за родителска грижа. Она што не смеете да го изоставите, за да станете родител каков што Вие сакате е свесноста. Да знаете што сте научиле од Вашата мајка и да сфатите што да практикувате, а што не.

 

Се губите себеси

Периодот на транзиција - од назависна личност  да се претворите во родител, секако повлекува многу работи, како одрекувањето од нешта кои Ви биле важни Вас како личност сама за себе. Но секако, станувањето родител не значи дека треба да им се каже збогум на тие нешта засекогаш. Родителството менува, но Вие сте истата личност, со истите потреби и ќе најдете начин да си ги задоволите.

 

Вашата врска со партнерот никогаш нема да биде иста

Добро, ова е делумно точно. Со доаѓањето на бебето во Вашето семејство, многу работи околу динамиката на партнерството ќе се изменат, но не значи дека ќе биде на лошо. Станувањето родител ќе даде една нова димензија во Вашата врска со партнерот, со која мора да се носите. Можеби ќе биде тешко на почетокот, но успевајќи во заедничката грижа кон детето, станувате многу посилни заедно.

 

Нема да имам доволно пари

Одгледувањето дете бара финансии и можеби тоа понекогаш многу Ве загрижува. Но, морате да се контролирате. Можеби нема да бидете во можност на детето да му дадете се' што ќе посакате или посака, но нема причина да верувате дека тоа е лошо. Лимитираниот буџет учи на граници и  дефинитивно ќе му помогне на Вашето дете да ја сфати вредноста на парите.

 

Ќе бидам лош родител

Постојано слушате “експерти” кои знаат што е тоа добар родител и притоа Ве загрижуваат дека нема да го постигнете идеалот. Тоа не постои. Секој има свое мислење, а за Вас најважно е сопственото. Можеби ќе се разочарате во себеси како родител стотина пати, но тоа никако не значи дека сте лоши. Значи дека сте човек.

 

Мајчинството е тешко

Новите мајки многу често знаат да испаничат на почеток околу тоа колку е тешко да се биде родител. Но, децата се растат и се менуваат и не значи дека секогаш ќе биде исто. Мајка на бебе е можеби најтешко, но мајчинството многу се менува и ќе имате и тешки и лесни фази. Генерално е прекрасно! 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Првите симптоми на бременост, што е нормал...
Првите знаци на бременост се резултат на нагли хормонални промени во телото и можат значително да варираат од жена до же...
4
Скриени или почетни симптоми на бременост
Кога се зборува за бременост, најчесто првото нешто што се спомнува е изостанувањето на менструацијата. Но телото честоп...
4
Кога започнува утринската мачнина во бреме...
Утринската мачнина е еден од најчестите рани симптоми на бременост. И покрај името, таа не се јавува само наутро, може д...
4
Предвремено раѓање
Секој ден во матката е важен за развојот на органите, особено на белите дробови, мозокот и дигестивниот систем, па раѓањ...
4




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste tip koj prv raskinuva na partnerot?

Da (50%)

Ne (50%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!