|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Миом на матка: кога е сериозно и што можете да направите?

Редакција Рингераја, 12.9.2025
Миомот на матката е бениген тумор кој се развива во ѕидот на матката и е составен од мускулно и сврзно ткиво.

image
Матка
/11


Се проценува дека повеќе од половина од жените во репродуктивна возраст имаат барем еден миом, но кај многу од нив таа останува незабележан, бидејќи не предизвикува симптоми. Прашањето е: кога миомот станува сериозен проблем и што можете да направите?

 

Зошто настануваат миоми?

Точната причина не е целосно позната, но постојат фактори кои го зголемуваат ризикот:

  • Хормонален баланс, естрогенот и прогестеронот директно влијаат на растот на миомите.
  • Генетика. Ако мајката или сестрата имаат миом, постои поголема веројатност и вие да развиете.
  • Возраст, најчесто може да се појавате помеѓу 30тата и 50тата година од животот.
  • Начин на живот, дебелина, недоволно физичка активност и исхрана богата со црвено месо се поврзуваат со поголем ризик.

 

Симптоми на миом

Многу жени немаат симптоми, но кога постојат, тие можат да бидат: обилни и долготрајни менструации, болки или притисок во долниот стомак, често мокрење поради притисок врз мочниот меур, болка при сексуален однос, потешкотии со забременување или одржување бременост.

 

Кога е сериозно?

Миомите може да станат проблем ако: предизвикуваат силни и неконтролирани крварења кои доведуваат до анемија, растат брзо и создаваат притисок врз околните органи, предизвикуваат неплодност или повторливи спонтани абортуси, значително го нарушуваат квалитетот на животот со болка и непријатност.

 

Што можете да направите?

  1. Редовни гинеколошки прегледи, ултразвукот е најчест начин за следење на миомите.
  2. Медикаментозен третман, употреба на лекови за регулирање на хормоните или намалување на симптомите.
  3. Минимално инвазивни процедури, емболизација на матични артерии или ласерски третмани.
  4. Хируршки интервенции, миомектомија (отстранување на миомата) или, во потешки случаи, хистеректомија (отстранување на матката).
  5. Начин на живот, балансирана исхрана, физичка активност и управување со стресот можат да помогнат во контролата на симптомите.

 

Може ли миомот да влијае на бременоста?

Кај некои жени миомите го отежнуваат оплодувањето или носењето на бременоста. Сепак, многу жени со миом успешно раѓаат здрави деца. Важно е навреме да се направат прегледи и да се следи состојбата заедно со гинеколог.


Миомот на матката често е тивка и безопасна состојба, но понекогаш може да биде сериозен здравствен предизвик. Најважно е да се следи состојбата редовно и да се побара лекарски совет ако се појават симптоми. Со современите методи на дијагноза и третман, голем дел од жените успешно се справуваат со миомите и продолжуваат да живеат квалитетен живот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога твоето бебе може да те слушне?
Дали некогаш си зборувала со стомакот и си се прашала дали бебето те слуша? Научно е докажано дека бебињата можат да слу...
13
Што значат соништата за време на бременоста?
Бременоста носи многу промени: телесни, емоционални, хормонални. Но една од најинтересните и често занемарени појави се ...
7
Татковците во првите редови
Бременоста не е само „женска работа“. Таа е семеен настан. Заеднички почеток. Девет месеци не се само стомаче кое расте,...
7
Вештачка интелигенција и бременост
Во време кога технологијата сe повеќе го обликува нашето секојдневие, вештачката интелигенција (ВИ) полека станува дел и...
5




Анкета

Доење.
пеперутка16

Колку долго мислите дека треба да се дои едно дете?