|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Колку сте полоши со детето, полошо станува и тоа!

Редакција Рингераја, 9.10.2017
Рускиот психолог Јулија Гипенрејтер својот живот го посветила на проучување на односот помеѓу родителите и децата. Нејзините книги за воспитување на децата се преведени на многу светски јазици, а ние ви ги пренесуваме некои од најинтересните тврдења
Клучни зборови:

image
/11


 

1. Непослушност – единствената работа што може да ја развие детето кога неправилно му се обраќаме. Значи, секојпат кога детето е непослушно и безобразно, пред да се одлучите да го казните прашајте се што сте направиле погрешно. 

2. „Проблематични“, „тешки“, „немирни“ деца и деца „со комплекси“, „неконцентрирани“, секогаш се резултат на погрешно утврдени односи во семејството.

3. Кога безусловно го сакате своето дете, не значи дека го сакате затоа што е убаво, паметно, способно, успешно, затоа што помага дома и така натаму... туку заради тоа што е такво какво што е.

4. Колку сте полоши со детето, толку полошо станува тоа. Зошто е тоа така? Затоа што воспитувањето на детето не е дресура. Родителите не треба да развиваат условни рефлекси кај децата.

5. Колку почесто родителите се груби кон детето, го отфрлаат и критикуваат, толку поскоро тоа ќе дојде до заклучокот: „Не ме сакаат“. 

6. Дисциплина – не пред, туку откако ќе воспоставите добри односи со детето. Не можете да дисциплинирате дете со кое не сте воспоставиле комуникација.

7. Не му помагајте на детето, освен ако самото не побара помош. Кога не се мешате, вие всушност му укажувате дека тоа што го прави го прави како што треба. Помогнете му само доколку наиде на сериозна пречка која не може да ја надмине. Тогаш не е добро да не се вмешате, бидејќи тоа може да донесе штета. 

8. Ако на детето му е тешко и сака да ја прифати вашата помош, задолжително треба да му помогнете. Притоа, направете го тоа што не може само да го направи. Како што ќе ги развива своите способности, полека с? препуштете му нему. 

9. Личноста и способностите на детето се развиваат само кога е ангажирано во некоја активност која му е интересна и која сака да ја прави. 

10. Тинејџерската доба е слична на сипаниците – постои во повеќе облици, полесни или потешки, но секако мора да се „прележи“. Но, тешко на родителите кои во овој период влегуваат во сериозен конфликт со своите деца!

11. Дозволете му на детето да ги почувствува негативните последици од своите постапки (или пропусти). Дури тогаш ќе порасне и ќе стане „свесно“.

12. Сееш навика, жнееш навика – береш карактер, сееш карактер – береш судбина!

13. Можете да изразувате незадоволство од поединечни постапки на детето, но не и на детето во целост. Можете да ги осудувате потфатите на детето, но не и неговите чувства. Незадоволството од потфатите на детето не би требало да биде систематично, во спортивно ќе се претворат во неуспех. 

14. Непосакуваното однесување на детето е нормална реакција на ненормалните услови на живот.

15. Строгата мајка е емотивно отуѓена од детето, така чувствува детето.

16. Дозволете му на детето да има приватност. Не се мешајте во с? постојано. Немојте да му држите предавања.

17. Со своите постапки влијаете врз однесувањето на детето.

18. Самоспознавање и самообразование – тоа е првата должност на родителите и наставниците, а не само воспитувањето на децата. Во спротивно детето станува преоптоварено со проблемите на родителите. 

19. Секогаш кога детето е вознемирено, навредено, повредено, засрамено, уплашено, кога некој бил груб кон него или неправедно го третирал, дури и ако сте преморени, првото нешто што треба да го направите е да дознаете што му е и да го сослушате.  

20. Не го барајте од детето невозможното или тоа што тешко се постигнува. Наместо тоа, проверете што можете да промените во опкружувањето. 

Што јадат децата кои не јадат НИШТО
...а сепак се живи, радосни и сосема здрави?!
86
Последици од попустливото воспитување на д...
Во последните три-четири децении преовладуваше модел на воспитување во кој се инсистира дека децата мораат да бидат среќ...
24
Најчести есенски болести кај децата
Се проценува дека детето во првите три години од животот има просечно четири до шест инфекции на горните респираторни па...
12
Кратки поуки од големо значење
Понекогаш еден мал совет, може многу да промени во нашите животи. Затоа убаво прочитајте ги овие кратки поуки од еден Мо...
11


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Izbor na ime
*Elena*

Izbor na ime

Martin (26%)

Damjan (49%)

Ognen (25%)


Број на сите гласови: 158

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!