Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Според нив овие материјали имаат многу предности во однос на пластичните играчки, кои се покажаа штетни за здравјето на децата, бидејќи се направени од токсични хемикалии кои предизвикуваат алергиски реакции, го дисбалансират хормонскиот и нервниот систем на детето. Бојата со која се насликани исто така не е здрава.
Реална опасност постои и од мноштвото лесно кршливи пластични делови на играчките, распространети по продавниците и тезгите. Малите честички можат да бидат голтнати, да предизвикаат гушење и да се добијат фатални компликации.
За разлика од синтетичките материјали, природните играчки му пренесуваат на детето реална слика на објектите и соодветни информации за опкружувањето.
Поголемиот дрвен автомобил е и потежок, додека пластичниот автомобил не може да ја предаде врската помеѓу помеѓу големината и тежината.
Природните материјали даваат нови информации и преку сетилото за допир.
Дрвените играчки не се совршено мазни како пластичните. Детските прсти ќе допрат нерамнини, ладни или топли места, мазни или груби делови. Тоа ја стимулира фината моторика на бебето.
Дрвото ја ослободува имагинацијата на детето
Недостатокот на ситни детали, недостатокот на јарки бои, светлосни ефекти или музика даваат огромно поле за дејствување на детската фантазија. Пластичните играчки го истакнуваат секој детал од куклата или автомобилчето додека дрвените не. Така детето си фантазира и гради во главата дополнителни карактеристики.
Дрвените играчки бараат повеќе внимание и напор од страна на детето, за да проработат, да бидат склопени или наредени правилно. Кај нив едноставното притискање на копчето за старт не врши работа.
Дрвото е природен материјал и од еколошка гледна точка е пожелно пред пластичните производи. Повеќето играчки од дрво се правени од меко дрво - бреза или липа.
Дрвото е биоразградлив материјал, освен тоа не крие опасности за здравјето на детето и скриени хемикалии.
Дрвените играчки можат лесно да се мијат под млаз вода. Сушење им е исто така лесно - само со крпа. Тие не задржуваат вода и нема потреба од време за сушење.
Некои од најскапите и импресивни играчки за деца се токму од дрво.
Овие играчки можат да останат дури за следната генерација, бидејќи не се кршат лесно, како пластичните. Така секое ново дете во семејството може да наследи квалитетни и убави играчки кои не се повредени при погруба игра.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?