|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога срцето забрзано чука...

Редакција Рингераја, 24.5.2012
Кај повеќето родители овој симптом предизвикува страв и итна посета на педијатар. Прво треба да се препознаат ситуациите во кои е нормално срцето брзо да чука. Кога ова ќе го знаете, помалку ќе Ве фаќа паника

image
/11


 

 

Кога е нормално срцето да чука забрзано?


Тоа се таканаречени физилошки (нормални) тахикардии, кои треба да ги разликувате од патолошките, за кои е потребно следење и лечење. Заедничката карактеристика на овие безопасни тахикардии е што престануваат кога ќе престане она што ги предизвикува. 

 

1.       Физичка активност

Во текот на физичкиот напор на организмот му е потребна поголема количина на кислород и хранливи материи, па срцето мора да работи напорно за да  ги задоволи потребите на детето кое си игра, или се занимава со спорт. Затоа е нормално срцето да чука побрзо во тек на физичка активност, па се смета дека нормален број на отчукување  кај предучилишно дете е 180-200 отчукувања во минута. Кај постарите деца и адолесценти при физичка активност ќе се измерат 180 отчукувања во минута.

Она што е клучно за добра проценка  е дека со престанокот на физичкиот напор доаѓа до нормализирање на работата на срцето за само неколку минути! Ако срцето чука брзо и по престанокот на активноста, треба да се обратите кај лекар.

 

2.       Емотивен стрес

Слично на физичката активност и емотивниот стрес ја забрзува работата на срцето. Тогаш покрај лупање на срцето може да се јави и стегање во градите, а често се појавува и неможност за длабоко вдишување и трнење во рацете. Тоа обично се случува кај емотивни деца на кои влијаат сите проблеми од околината. Меѓутоа, кога ќе им се даде поддршка и утеха сите овие симптоми, заедно со забрзаната работа на срцето, престануваат. На вакви тегоби многу почесто се жалаат адолесценти, отколку мали деца.

 

3.       Покачена телесна температура

Високата телесна температура доведува до нормално забрзување на работата на срцето. Можеме да кажеме дека одлика на здраво срце е да чука забрзано при висока температура. Тоа не треба да Ве загрижува. Кога телесната температура ќе се нормализира и срцето полека ќе се смири.

Постојат и други ситуации кога срцето мора побрзо да работи. Кога детето ќе изгуби течности (на пример при повраќање и дијареја), срцето се труди да го надокнади недостатокот и работи побрзо.

 

 

Дали тахикардиите се опасни?


Повеќето не!

Сепак, прогнозата зависи од видот на забрзаното чукање на срцето. Тахикардиите кои потекнуваат од предкомората (горниот дел на срцето) ги нарекуваме предкоморски тахикардии, а оние кои потекнуваат од срцевите комори се коморски тахикардии. Иако постојат исклучоци, предкоморските тахикардии  се помалку опасни во однос на коморските.

 

Нормални вредности на брзина на работата на срцето


Брзината на работата на срцето се изразува како како број на отчукувања во минута. Кај возрасните е полесно да се востанови тоа – нормално срце работи со 60 - 100 отчукувања во минута. Секоја вредност над 100 се смета за тахикардија.

Кај децата е малку потешко да се одреди горна граница на нормална срцева фреквенција бидејќи таа зависи од возраста, телесната маса и висина на детето. Колку детето е помало, толку срцето чука побрзо.

При раѓање горна граница е 200 отчукувања во минута, а во текот на првата година се смета дека срцето не би требало да работи со повеќе од 150 – 160 отчукувања во минута.

Кај претшколските деца горна граница е 120 отчукувања, а адолесцентите спаѓаат во возрасни па кај нив за нормални се сметаат до 100 отчукувања во минута.

 

Итно кај лекар


Повеќето тахикардии се периодични, минливи и безопасни.

Сепак, ако детето чие срце брзо чука има вртоглавица, заматен вид или губење на свеста, треба итно да се однесе во најблиската детска  болница. Ако се работи за многу брза тахикардија таа може за кратко време да доведе до исцрпување на срцето, што може да предизвика сериозни проблеми.

Ако детето се пожали дека при физичка активност срцето необично му работи, треба да се однесе на контрола.  За испитување се и децата кои од  “добро седење” ќе почувствуваат изненадно брзо чукање на срцето. Важно е да се испита секоја подолготрајна тахикардија, а  ако родителите имаат дилема  треба да  посетат педијатар кој ќе им даде  упат за детски кардиолог.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Заглавен предмет во дишните патишта кај деца
Децата, особено оние на возраст под 3 години, се познати по нивната љубопитност и желба да го истражуваат светот со уста...
7
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Враснат нокт кај деца
Враснатиот нокт или медицински познат како онихокриптоза е честа појава кај деца која предизвикува непријатност и понеко...
3
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
3




Анкета

Бремена
пеперутка16

Кога почна да ви се гледа стомакот? Кога почнаа да ве гледаат како да сте бремена и да ве прашуваат за вашата бременост?