Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања
Различни студии и истражувања докажуваат дека ако имате секс барем двапати неделно, помала е веројатноста да имате срцев удар. Според неодамна објавената студија, која главно се однесуваше на мажи, тие имаат 50% помали шанси да доживеат срцев удар отколку луѓето кои имаат секс помалку од еднаш месечно.
2. Лекува главоболки и мигрена
Напнатоста и главоболките се намалуваат по сексот.
Сексот ја подобрува циркулацијата на крвта, ги шири крвните садови во главата и мозокот, што ги намалува главоболките и напнатоста. Исто така, жените кои страдаат од мигрена се чувствуваат подобро по сексот, бидејќи болката исчезнува.
3. Го зајакнува имунитетот
Истражувањата покажуваат дека сексот го стимулира производството на имуноглобулин А, прва одбрана на имунолошкиот систем, кој штити од грип и настинка. Затоа, ако имате секс барем еднаш или двапати неделно, помала е веројатноста да се разболите.
4. Го ублажува стресот
Сексот го намалува крвниот притисок и го ублажува стресот и напнатоста. Според некои истражувања, докажано е дека луѓето кои имале сексуални односи ноќта пред одредена стресна ситуација (важен настан, деловна средба ...) биле далеку поуспешни и опуштени од луѓето кои се воздржале од секс.
Исто така, луѓето кои се задоволни со својот сексуален живот не се депресивни, вознемирени, насилни и непријателски настроени.
5. Согорува калории
Научниците тврдат дека сексот е еден од најдобрите начини за вежбање, бидејќи е корисен и за физичкото и за менталното здравје.
Триесет минути секс согорува 85-150 калории, па затоа редовниот однос е одличен начин да останете во добра форма.
6. Позитивно влијае на самодовербата
Сексот прави да се чувствувате добро и позитивно влијае на самодовербата. Исто така, нежната љубовна врска, за време на која жените лачат естроген, резултира со поубава, понежна и посјајна кожа, што влијае и на самодовербата.
7. Ги зајакнува гениталиите
Сексуалната активност го подобрува снабдувањето со крв во гениталиите и кај мажите и кај жените. Исто така, вагиналните мускули на жената се протегаат и се стегнуваат за време на сексуалниот однос и така се зајакнуваат, со што се намалува ризикот од инконтиненција подоцна во животот.
8. Го намалува ризикот од рак на простата
Некои студии покажаа дека редовниот сексуален однос може да спречи рак на простата. Мажите во дваесеттите кои имаат однос најмалку пет пати неделно, за третина го намалуваат ризикот од развој на рак на простата. Ова исто така важи и за постари мажи.
9. Го регулира менструалниот циклус
Редовниот сексуален однос ги ублажува менструалните проблеми
Истражувањата покажаа дека жените кои имаат секс барем еднаш неделно имаат редовен менструален циклус. Покрај тоа, се покажа дека редовниот секс ги ублажува менструалните проблеми, бидејќи контракциите на матката за време на оргазмот ја намалуваат напнатоста во мускулите.
10. Гарантира добар сон
Научниците тврдат дека добриот секс пред спиење гарантира добар сон, поточно, хормонот оксидоцин, кој се ослободува за време на оргазам, е одговорен за тоа, па веднаш после тоа се чувствувате поспани.
забава Бремените
Автор: bobik
Да си добар родител: очекување или вистинска приказна?
Денес, родителите живеат под лупа со присуството на социјалните мрежи,...
Превентивни прегледи за жени – што, кога и зошто?
Во свет каде што темпото на живот е брзо, жените често се тие се грижа...
Помогнете му на вашето дете да порасне
Растењето на децата не е само прашање на висина. Тие не растат само со...
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?