Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Советите кои следат ќе ви помогнат да преживеете (и да уживате) во текот на првите недели по породувањето:
- Не брзајте. Живееме брзо. Бебињата живеат со поинакво темпо од родителите. Обидете се да се прилагодите на ритамот на вашето бебе.
- Ограничете ги сите други обврски. Новопечени мајка и татко ќе бидете само неколку месеци во својот живот. Размислете како би можеле тој период најдобро да го искористите.
- Спијте кога ќе можете. Обидете се да се одморате додека бебето спие, или кога за него се грижи некој друг. Можеби тој одмор некогаш ќе ви изгледа како губење на време, затоа што имате толку многу обврски, но ако бидете свежи и одморени секоја работа ќе ја завршувате полесно.
- Дозволете си некои нешта. Ќе потрошите огромна количина на енергија и затоа е многу важно да ги наполните своите „батерии“. Половина час во полна када, читање или прошетка со пријателка, навистина ќе ве освежи. Помислете на две, три работи кои може да ги направите за себе за помалку од еден час и направете го тоа..
- Бебешкиот плач морате да го разберете како начин на комуникација. Вашето бебе мора да научи дека светот на доверба е вреден и сигурен простор. Бебешкото чувство за доверба во овој свет е важен камен темелник за неговото учење за животот. Ќе дојде и до моменти кога ништо нема да помогне, затоа е најдобро само да останете во близина на вашето бебе, да бидете опуштени и да го држите, додека не се исплаче.
- Не очекувајте премногу. Голем број на зафатени родители мислат дека бебето им е единствена грижа дома. Но, тие може да направат многу работи. Ако не очекувате премногу, ќе бидете задоволни со резултатите.
- Прифатете помош. На другите така ќе им овозможите да се чувствуваат посакувани и потребни, а вие ќе имате повеќе слободно време.
- Замолете за помош. Многу луѓе околу вас би сакале да ви помогнат, но не знаат како да се понудат. Вие можете на убав начин да ги запрашате дали би биле спремни да помогнат.
- Разговарајте со други новопечени родители. Еден од најголемите проблеми на новопечените родители е тоа што мајката и таткото мислат дека се единствени кои се чувствуваат изгубено. Многу ќе ви помогне разговор со други родители, затоа што ќе утврдите дека и тие имаат слични проблеми.
- Треба да очекувате дека ќе бидете почувствителни од претходно. Доаѓањето на детето засекогаш ви го менува животот. Вашите чувства се во исто време силно длабоки и површни. Може да се случи одеднаш да заплачете, или одеднаш да ве преплави чувство на неизмерна среќа. Ако бидете свесни дека толку богат емотивен живот е дел од родителството, ќе знаете да се опуштите и да ги разберете тие нови чувства.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.