|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да се заштитите кога имате болен дома?

Редакција Рингераја, 10.2.2016
Често се случува ако еден член од семејството се разболи и другите брзо да настрадаат и тогаш имате болни цела куќа. Тоа може да го спречите со неколку мерки на внимание

image
Грип
/11


 

Потрудете се вирусите и бактериите да ги држите под контрола, за да спречите ширење на заразата. Дезинфекцијата е клуч за се. Иако на почетокот можеби ви се чини дека сето тоа е претерано, помислете колку проблеми ќе имате ако сите почнете да кашлате и да имате температура.

Првиот чекор е да набавите марамчиња и спреј за дезинфекција.

 

Во бањата

Ова е најважната просторија, која мора да биде беспрекорно чиста. Покрај тоа што треба да го изолирате болниот од другите домашни, морате да внимавате и на ширењето на бактериите во просториите кои заеднички ги користите.

Четките за заби се први на кои треба да обрнете внимание. Ако четките од сите стојат во иста чаша, време е да ги разделите.

Ако инфекцијата е проследена со пролив, мора да внимавате и на WC школката и на мијалникот. Задолжително носете ракавици и заштитна маска на устата и носот. Бањата чистете ја неколку пати на ден.

Болниот нека користи сопствена крпа, која ќе ја одвоите од другите и ќе ја перете почесто.

 

Соба, кревет, кваки

Ако болниот е во иста соба со мало дете или други членови од семејството, време е да го одделите. Често проветрувајте ја собата во која е болниот, менувајте ја постелнината и трудете се со храна и пијалаци да го зајакнете неговиот и имунитетот на семејството. Посебно внимавајте на кваките кои се вистински преносители на болести. Исто така, мобилниот телефон на болниот не треба да го фаќа никој.

 

Малечки деца

Малите деца се посебно чувствителни кога се болни. Често имаат многу желби и не сакаат да ги даваат играчките во кои гледаат поддршка. Затоа повремено исчистете ги и дезинфицирајте ги нивните играчки.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Добивање и губење на тежина кај новороденчиња
Првите денови од животот на новороденчето се исполнети со безброј нови искуства и за бебето и за родителите.
11
Најголемите предности на мајчиното млеко
Мајчиното млеко е природна и целосна храна која е совршено прилагодена на потребите на новороденчето.
11
Нормална телесна температура кај новороден...
Телесната температура кај новороденчињата и малите бебиња може малку да варира, но е важен показател за нивното здравје....
7
Што се случува со бебето во првиот месец о...
Првиот месец од животот е период на огромни промени за новороденчето. Бебето преминува од заштитената средина во утробат...
4




Анкета

imence
jasmina18031990

Dali da go izberam imeto Angela za moeto bebe?

da (63%)

ne (22%)

vas predlog (15%)


Број на сите гласови: 182

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!