Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Поместувањето на сказалките на часовникот во западна Европа е воведено во почетокот на 1970-те години со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен.
Еден час делува како краток интервал, но може да направи разлика меѓу исцрпеност и одмор. Исто така, еден час спиење помалку, докажано влијае на промените во расположението.
Точно е дека летното сметање на времето штеди време и прави повеќе да бидеме на дневна светлина. Наспроти тоа, неколку истражувања покажуваат дека многу луѓе добиваат сериозни здравствени проблеми, како висок крвен притисок или депресија, заради поместувањето на часовникот.
Истражувачите предупредуваат дека вработените луѓе, кои инаку страдаат од недостаток на сон се во особена опасност, заради дополнителното нарушување на биоритамот.
Последици по здравјето
Пред се, луѓето во овој период се чувствуваат исцрпено. Исто така, на многумина денот по поместувањето на часовникот им започнува стресно, бидејќи забораваат да го подесат алармот, а потоа брзаат за на работа.
Ако чувствувате последици заради промената на времето, можеби би било најдобро неколку денови по поместувањето да бидете што подолго време надвор. Сончевата светлина ќе Ви помогне да го прилагодите биолошкиот часовник. Исто така, потребно е да ја избегнувате попладневната дремка, колку и да Ви звучи примамливо.
Како да се подготвите?
Не ги оставајте работите за последен момент. Многу е подобро неколку ноќи однапред на легнувате порано и порано да станувате наутро. Еве неколку совети:
- Станувајте рано неколку дена пред планираното поместување на часовникот
- Прошетајте се рано наутро
- Ако немате некоја болест која би Ве спречила, вежбајте надвор
- Воздржете се од попладневни дремки
- Не пијте алкохол
Оваа ноќ Вашите деца нахранете ги половина час порано од вообичаеното, за подобро да се прилагоди нивниот организам. Убедете ги да одат на спиење порано.
Извор:B92 zdravlje
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Комбинации за успешна мала градина со билки
И најмалата градина може да биде извор на свежина и инспирација. Со пр...
Чекор по чекор до мини градина на терасата
Мини градината на тераса е совршено решение, лесна за одржување, практ...
Препорачани намирници за деца за време на настинка
Кога вашето дете е настинато, правилната исхрана игра клучна улога во ...
Кога болката е сигнал, а кога опасност?
Болката е еден од најважните начини на кои телото ни испраќа пораки....
Сува и иритирана слузница кај очи
Сува и иритирана слузница на очите е чест проблем што може да го намал...
Мајка на момче.
пеперутка16
Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?