|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како бебињата го доживуваат породувањето?

Редакција Рингераја, 24.5.2021
Првите неколку моменти од породувањето се состојба која не се опишува со зборови, како за мајката, така и за бебето. Обидете се да разберете што доживува бебето во тие моменти, бидејќи тоа може да Ви помогне во неговата грижа по породувањето

image
Како бебињата го доживуваат породувањето?
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Додека детето е во мајчината утроба сите негови потреби се задоволени – од топлина, храна, сигурност, па се до смирувачките звуци на отчукувањата на мајчиното срце.

Во текот на породувањето се случува процес на одвојување од мајчиното тело и создавање на посебна индивидуа. Откако детето ќе се роди, градите му се полнат со кислород и доаѓа до негово прво вдишување. Во тој момент детето ќе заплаче или ќе се закашла за да го прочисти грлото и да ги исфрли течностите.  Откако ќе се пресече папочната врвца, дишењето на бебето, циркулацијата и дигестивниот систем почнуваат да функционираат потполно независно и самостојно.

 

Прилагодување на бебето на надворешниот свет

Додека некои бебиња многу мирно ќе се прилагодат на надворешниот свет, на светлината, звуците и останатите ефекти, некои своето присуство ќе го изразат на единствениот начин кој го знаат – со плачење.

Колку побрзо ќе го смирите бебето со својот глас и контактот кожа на кожа, толку побрзо ќе му помогнете да ја апсорбира Вашата топлина  и да го слушне смирувачкиот ритам на Вашето срце. Новороденчињата немаат развиено регулација на телесната температура, па треба брзо да се затоплат, да се облечат, покријат и да им се стави капче на главата. Во просторијата треба да има пригушена светлина.

Она што прво ќе го забележи бебето е мирисот и лицето на мајката и ќе ја бара нејзината брадавица за да се нахрани.

 

Породувањето од перспектива на новороденчето

Освен за мајката, породувањето може да биде трауматично искуство и за детето, па заради силните контракции или употребата на некои инструменти за полесно изведување на породувањето, детето може да биде отечено или полно со модрици.

Исто така може да се случи да не може да ги отвори очите некое време и да има главоболка. Еден час и повеќе по раѓањето детето ќе биде многу бучно, но набрзо ќе заспие за да се опорави од  породувањето.

Ако во текот на породувањето сте примале некакви лекарства, детето најверојатно ќе биде под нивно дејство. Освен тоа последицата од земање на лекови може да се одрази на намален нагон за доење. За полесно да се адаптира на новата средина, често галете го, допирајте го и ставајте го детето во близина на Вашето срце.


Промоциска објава

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како родителството ја менува динамиката на...
Станувањето родители е еден од најголемите пресврти во животот на една двојка. Со доаѓањето на бебето, љубовта добива но...
4
Брзи и хранливи оброци за зафатени мајки
Секојдневието на една мајка е исполнето со обврски, од грижа за децата, работа, домашни задачи, до организација на целио...
4
Лек за проблематична менструација
Мајчината душица е растение кое го има речиси на сите балкански простори. Се собира од планинските ливади се суши и од н...
4
Како навистина изгледа бебето по породување?
5 работи кои ќе ја изненадат секоја мама, од „чудните“ форми на главата до бојата на косата и кожата. Еве како навистина...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali podaruvate obleka,hrana i sl. na bezdomnicite?

Da (0%)

Ne (40%)

Ponekogas (60%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!