|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да одберете име за вашето бебе ?

Редакција Рингераја, 25.5.2010
Бирањето на името за вашето бебе е најважниот подарок кој што ќе му го подарите на вашето синче или ќеркичка, а воедно и првиот допир со родителските одговорности.
Клучни зборови:

image
/11


Бременоста е еден од најубавите дарови од природата, еден од најважните периоди во нашиот живот. Сознанието дека во нас расте нов живот кај секоја од нас буди различни чувства, но секако една од првите работи на кои ќе почнеме да размислуваме е како да одбереме име за бебето кое доаѓа на свет. Бирањето на името за вашето бебе е најважниот подарок кој што ќе му го подарите на вашето синче или ќеркичка, а воедно и првиот допир со родителските одговорности. Името говори многу за нас како индивидуи и одредува како ќе не прифатат и гледаат оние кои малку не познаваат. Тоа е првиот впечаток кој што го оставаме на луѓето околу нас. Токму поради тоа бирањето на совршено име за нашето бебе не е ниту малку лесна задача. Тоа е одлука која никако не смее да се донесе набрзина. Постојат многу начини како да одберете име за бебето. Можеби отсекогаш сте знаеле како сакате да ви се викаат вашите деца,  можеби случајно сте се сретнале со име кое е совршеното за вашето бебе, можеби со сопругот сте размислувале за име уште пред да останете бремена или пак сакате да почекате да се роди бебето па да одлучите кое име совршено ќе му прилега...а можеби и понатаму ќе го барате вистинското име. Сеедно како и да се чуствувате еве неколку совети кои би ви помогнале...

Запишувајте!  Заедно со сопругот направете листа на имиња кои вам ви се допаѓаат, но и причините поради кои овие имиња ви се допаѓаат.

Истражувајте!  Листајте низ имениците, веб страните, вашите омилени книги, песни, црковни календари... 

Распрашајте се!  Дали можеби постои традиција на одбирање име во вашето семејство која би требало да ја почитувате? Дали сакате да ја продолжите? 

Размислете! Дали постои некој од вашето семејство или пак меѓу вашите пријатели, некој кој ви е навистина драг, чие име би сакале да го носи вашето дете?

Земете  го во предвид и  презимето! Дали името кое сте го одбрале одговара со презимето кое ќе го има? Изговорете гласно! Како ви звучат заедно? 

Мислете на иднината! Вашето дете ќе го носи името целиот свој живот, затоа името не треба да биде слатко и детско туку да му прилега и кога ќе порасне и стане сериозна личност. 

Мислете на растењето! Избегнувајте име заради кое вашето дете би можело да биде исмејувано на училиште или имиња од кои можат да произлезат смешни прекари. Олеснете му го растењето на вашето дете! 

Размислете  за значењето на името! Името може да биде и повеќе од само согласки и самогласки. Ако вам ви е тоа важно, размислете за неговото значење или за тоа што би сакале да пренесете на вашето дете преку неговото име.  

Размислете за популарноста на иметo! Дали вам ви одговара име кое често се сретнува околу вас или пак едноставно сакате вашето дете да има уникатно, единствено име? 

За  крај! Може да се случи најблиските да сакаат да ви подметнат име за вашето бебе. Секое семејство има свои идеи околу тоа како треба да му се одбере име на бебето, во некои дури постои и долгогодишна традиција на имиња, а кога во целиот процес ќе се вмешаат и роднините тогаш вашата задача станува се потешка и потешка. Бидете смирени и немојте да влегувате во конфликти.

Сослушајте ги предлозите, ама сепак имајте на ум дека тоа  е ваша лична одлука. Бирањето на име за бебето треба да биде забавно и смирено, затоа потрудете се да уживате во тоа!  

Посетете го Рингераја  списокот на имиња,  и погледајте кои имиња имаат највисок, а кои најнизок рејтинг. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3
НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
3
Колку треба да мрда бебето во стомакот?
Ако прашате трудница дали знае зошто бебето толку силно удира одвнатре и дали тоа и пречи, сигурно ќе ви каже дека тоа н...
3
Како расте бебето во утробата на мајката?
Животот е навистина прекрасен! Што прават неродените бебиња во матката? Всушност, развојот на човечкиот живот во матката...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?