Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Положба на риба (мацјасан)
- легнете на грб
- свијте ги колената, ако чуствувате затегање помогнете си со перниче
- истегнете ги рацете над главата и со дланките фатете ги лактите или подлактиците
- главата лежи на подот
- затворете ги очите и кажете му на телото да се опушти
- седнете врз петите, со грбот исправен
- потоа раздалечете ги колената доволно широко за да си направите простор удобно да се смести стомакот помеѓу натколениците
- дланките поставете ги на подот и полека спуштете го целиот горен дел од телото кон долу
- во крајната положба можеби ќе имате потреба карлицата да ја подигнете малку кон горе
- ако главата не ви допира на подот или чуствувате нелагодност во таа положба можете да ја подигнете поставувајќи ја на дланките или врз тупаниците
- во крајната положба опуштете го целото тело и ќе почуствувате како положбата станува пријатна
- највпечатливо е чувството на опуштањето на притисокот во зоната на половината која го носи главниот товар на стомакот
- се опуштаат мускулите на грбот, рамената и стомакот
Во овие две положби телото е неактивно, немаме потреба од голем прилив на кислород, и затоа дишењето полека се смирува, станува сосема бавно. Со тоа опуштеноста и смиреноста од физичко преоѓа на ментално ниво.
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Дали природното секогаш значи и безбедно?
Кога станува збор за здравјето, исхраната и негата на телото, многумин...
Кои вредности е важно да ги научи детето уште од мало?
Детството е период во кој се поставуваат темелите на личноста, каракте...
Промена на вагиналниот исцедок
Вагиналниот исцедок е природен дел од женското репродуктивно здравје. ...
Тестови за овулација. Кога и како да ги направите?
Ако планирате бременост, препознавањето на плодните денови може да ви ...
Што се пореметувања на спиењето?
Спиењето е една од основните потреби на човекот и има важна улога во о...