Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
“Daily Mail”, повикувајќи се на специјалисти, анализирале 18 истражувања на темата бременост и конзумацијата на јајца.
Богатиот хранлив состав на јајцата обезбедува повеќе од најважните состојки за бремените жени, и тоа витамини и минерали, како железо, јод, витамин Б12, витамин Д, и фолати.
“Јајцата содржат многу протеини, лесно хранливи материи, тие се еден од ретките природни извори на витамин Д, кој е многу важен при бременост”, објаснува диетологот Cordelia Woodward од авторскиот тим.
“Тие содржат и мали количества масни киселини со долги синџири, карактеристични за морската храна, кои се поврзуваат со поголемата тежина на бебето, помалиот ризик од предвремено породување и намалената опасност од депресија кај мајката”.
Железото во јајцата е многу важно за бремените жени, бидејќи најчесто страдаат од недостиг на минерали, што доведува до силен замор.
Само едно јајце на ден го обезбедува целото количество на витамин Б12 за трудниците, а тој освен што е важен за нервните клетки и крвта, учествува и во синтезата на ДНК – генетскиот материјал на сите клетки, вклучувајќи ги и оние на растечкиот фетус.
Две јајца дневно обезбедуваат 55 микрограми фолати, но бремените жени ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да пијат додатоци со фолна киселина во првите три месеци.
забава Бремените
Автор: bobik
Водич по возрасти за лажењето кај децата
Сите деца понекогаш лажат и тоа е дел од растењето. ...
Штитната жлезда и женското здравје
Штитната жлезда можеби е мала по големина, сместена во предниот дел на...
Историја и потекло на јаболкото
Јаболкото, скромно, сочно и широко достапно има подлабока историја. Не...
Најдобрите намирници за подобрување на плодноста
Кога зборуваме за плодност, често прво помислуваме на хормони и медици...
Запушениот нос кај бебе може да изгледа како мала непријатност, но за ...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.