|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Никој не знае што значи да се биде ненаспиен колку младите мајки. Како може да се издржи таквата состојба и таквото темпо? Ви нудиме неколку совети како да преживеете...

image
/11


 

 

Пиејќи го своето трето кафе, размислувате за тоа да се обидете да ги држите очите отворени со помош на ќибритчиња и гледате вочасовникот. Веќе е 3 часот наутро – пекол од недостаток на сон. Можеби девет месеци слушавте шеги за бессони ноќи, но не можевте да замислите дека мајчинството ќе изгледа вака. Не очајувајте, постојат начини да ја преживеете исцрпеноставо првите неколку седмици...

Кога Вашето прекрасно мало бебе ќе пристигне дома, можете потполно да заборавите на вистинско преспивање на ноќта.

За младите мајки е вообичаено да спијат само 2 во 24 часа. Кога станува збор за спиење, природата работи во корист на бебињата, а во штета на мајките. По темните подочници и уморните лица  можете да забележите колку се уморни младите мајки – да не ја споменуваме лошата облека и комичните фризури!

Повеќето новороденчиња јадат на секои 3-4 часа, а набрзо после тоа испорачуваат прекрасна смрдлива пелена. А плачот Ве буди само што зората зарудила, за која досега не сте знаеле како изгледа. Поминуваат денови во вртлози од пелени, хранење, пшерење, грижи, избегнување на телефонски разговори и гости. Кој не би потклекнал?

Недостатокот на сон може да чуден начин да си игра со Вашиот мозок. И не само тоа: тоа влијае различно на луѓето. Можете да бидете дезориентирани или да губите концентрација, па можете да станете неугодни, плачливи и тешки за околината.

Мајките често мислат дека треба да пеглаат додека бебето спие. Но поважно е и Вие малку да отспиете. Можете да прилегнете на некое удобно место, ако успеете да го исклучите мозокот. Не дозволувајте грижата на совест да Ви го скрати одморот. Правосмукалката може да почека.

 

Помогнете си

Кога сте исцрпени, најдобро што може да направите е да побарате помош. Младите родители често мислат дека мораат да се грижат за бебето 24 часа. Но ако вашата мајка или свекрва се понудат да помогнат, секако прифатете!

Здравиот разум ќе Ви го сочува и добрата организираност. Обидете се да направите план. Поделете ја ноќта. Кога бебето ќе заплаче не треба да станат двајцата родители, туку можете да се менувате. Една ноќ спијте Вие додека Вашиот сопруг се грижи за бебето и обратно. Дури и ако доите таткото може да Ви го донесе бебето, да почека да го нахраните, да го пресоблече ако треба...

Ако ноќите и покрај првите четири седмици се ноќна мора, размислете што да промените. Ако сакате да го научите бебето да се смирува само, обидете се да најдете средина меѓу скокањето од кревет кога бебето ќе заплаче и игнорирањето . Обидете се да го смирите бебето само со допир или со зборување. Ако тоа не успее...тука е и четвртото кафе.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кувар за бебе: Кашичка од цвекло и јаболко
Здрава и вкусна кашичка, одлична за бебиња постари од осум месеци
4
Најубави мисли за бебињата
Најубавите, некогаш кажани, мисли за бебињата. Ќе Ве разнежнат...
4
Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
3
Нахранете го бебето со задоволство
Воведувањето на нова храна кај бебињата од шест месеци може да биде вистинска мака. Се' што е погусто од млекото е висти...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?