|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју: Бетпет, мајка на големиот борец Теодора

Редакција Рингераја, 4.5.2010
“Нашата ќерка се роди на 6 месеци и 18 дена и тоа со тежина од само 630 грама. Сега имаме три месеци и 2050 грама, па за две, три недели си одиме дома...” Ова беше првата порака што на 06.09.2009, во 21.44 часот ја објави нашиот член Бетпет.

image
/11


РР: Каде се запознавте со сопругот, како започна вашата романтична приказна? 

Бетпет: На многу едноставен начин, ми се јави телефонски да се видиме и пиеме кафе. Јас и тој се познававме од гимназиските денови, но откако го завршивме високото образование, тој се реши собра храброст да ми се јави, да се видиме и подобро запознаеме. Јас прифатив затоа што и јас сакав да го запознам, да видам дали е тој вистинската личност со која би ги споделила сите мигови во понатамошниот живот. Се дружевме околу 18 месеци кога решивме да ја крунисаме нашата врска. Тоа го направивме во јуни-2003 година. Од досегашните години поминати со него, знам дека го направив правилниот избор. Како викаат “кој чека ќе дочека”, затоа што се омажив на 35 години.

РР: Дали решивте веднаш да имате бебенце или сакавте малку да уживате во заедничкиот живот сами?

Бетпет: Уживавме во деновите заеднички и двајцата по природа сме мирни луѓе кои сакаат да се дружат и шетаат, тоа и го правевме. Првата бременост се случи веднаш по венчавката по седум месеци. Но за жал заврши неуспешно, во шестиот месец во 26 недела. Тоа многу не разочара и двајцата, но не се откажавме. Сметавме дека штом може нешто да започне по природен пат, повторно ќе се случи. Така и беше, тоа се повтори за неполна година, но пак за жал како и првиот пат. За овие две години многу лошо искуство добив во државна болница на ГАК. Многу лошо поминав и си реков доколку даде Господ, идниот пат ќе одам во приватна клиника.

РР: Дали брзо забремени или имаше некои потешкотии во процесот?

Бетпет: Потешкотии при забременувањето немав, тоа се случуваше секогаш по природен пат. Во текот на нашиот брак од 6 години, јас останав 5 пати бремена. Докторот кој ми ги водеше бременостите, ми рече дека е среќен што јас според возраста која ја имам, останувам бремена за релативно брзо време.

РР: Како течеше бременоста? Што го предизвика прераното раѓање на Теодора? И зошто во Бугарија, која беше пречката кај нас да се породиш?

Бетпет: Сите бремености течеа во ред, без никаков проблем, просто уживав во нив без никаво гадење, болки, едноставно да посакаш да бидеш во таква блажена состојба. Но сите завршуваат во еден одреден период во 23-26 недела, без при тоа некој да знае зошто доаѓа до тоа. Направивме многу испитувања, но секогаш се беше во ред. Дури и сега се случи истото, но малку во покасен период од 29 недела, што за среќа заврши се добро. Намерното прерано пораѓање дојде токму поради тоа што бебето не доволно се хранело од плацентата и почна да забавува во растот и затоа беше со помала тежина. Зошто во Бугарија “така се наложи” како што велат Бугарите. Додека ние во правото велиме, доколку бидат исцрпени сите истанци во државата, да го оствариш своето право, тоа можеш да го побараш при повисок суд надвор од државата. Така и се случи, кога ни рекоа дека дете со толку мала тежина не може да биде одржано кај нас, од причина што нема високо развиена институција за неонатална нега, одлучивме да побараме мислење и надвор од државата. По некоја случајност ја одбравме болницата Токуда во Софија Бугарија. За која ништо не знаевме, но се научивме. Доколку некој има потреба за лекување во странство, со чисто срце би им ја препорачала таа болница.

РР: Каков беше пристапот на болничкиот персонал таму? Колку добро тие се грижеа за Теодора?

Бетпет: Болничкиот персонал во болницата е многу едуциран, пристапот кон пациентот им е многу љубезен, и се однесуваат спрема тебе како спрема човек кој има болка или потреба од нега. Што сакам да Ви кажам, за време на мојот престој во болницата од 4 месеца, јас поминав низ три одделенија, прво тоа беше гинекологија, потоа неонаталогија- интезивен сектор, како брза помош и неврологија- нервно. Четиридневната посетата на неврологија (по бугарски) беше како резултат на големите стресови и напор кој ги поминав, едноставно организмот попушти. На тоа одделение ми се потврди по трет пат високата докторска етика и најљубезниот однос на останатиот персонал. За тоа колку добро се грижеа за Теодора, немам зборови, ќе имате прилика ќе ја видите па Вие ќе оцените. Не само за моето дете, третманот на грижа е поддеднаков за сите деца. Наутро редовно ги бањаат, за секое дете има посебна табла на која се води дневната потреба од лекови, снимки или контрола од други специјалисти (кардиолози, ренгенолози и др.). Негата на кожата ја одржуваат со најскапата француска колекција Mustela. При негата на децата пристапуваат со голема љубов, си ја сакаат својата професија и се приврзуваат кон децата. Тоа се потврди со нашето испраќање за Македонија. Сите ја сликаа да ја имаат за спомен, ни пратија бакнежи (целувки) за брз развој и желби за скоро видување за убаво, а при тоа и ни пуштија вода за попат.

РР: Со што се се соочивте во поглед на развојот на Теодора, сепак е родена како 6 месечно бебе и нејзините органи сигурно биле далеку од целосно развиени? Како таа го поднесе животот во инкубатор?

Бетпет: Па да родена е на 6 месеца и 18 дена, период во кој детето има се, но зрелоста на органите е нецелосна, пред се белите дробови. Веднаш по породувањето ни кажаа дека ќе биде тешко (трудно) и дека ќе треба неколку месеци, најмалку да дојдеме до редовниот термин на раѓање, за да го постигнеме нормалниот развој блиску како и нормално родените деца. Така и беше по редовниот термин за раѓање, се надминаа неколкуте потешки кризи кој ги имаше. Најнапред имаше проблем со стомачето, а потоа со белите дробови. Но, веќе еднаш ова го спомнав и пак ќе го кажам, Теодора е голем борец, сите потешкотии за кои докторите предвидуваа подолги периоди на лечење, таа ги надминуваше за пократок период, што ги изненадуваше и докторите. Сега се е во ред, таа добро напредува и дај Боже така и да продолжи.

Што се однесува за вториот дел од прашањето, за тоа нејзе ќе ја прашате - хахаха, се шегувам. Па добро, според кажувањата на докторите, добро се справувала со се што правеа докторите. За многу кратко време, велеа д-р. почнала да го покажува својот карактер, да се лути кога ја буцкаат или ако на време не биде дадено млекцето.

РР: Како се снајде сопругот во целата оваа ситуација и новата улога на тато?

Бетпет: Одлично, само што ослабна 10 килограми, но сега добро му дојдоа. Ме изненади неговата сила и храброст да издржи без нас толку долго и да се спротивстави и справи со сите административни процедури кај нас, а знаете дека кај нас тоа не е лесно и секогаш се оди по потешкиот пат. Улогата на татичко му годи, многу ја сака и угодува, ја држи постојано во раце па дури и кога е заспана. Од самиот почеток тој имаше една желба да има две девојчиња. Еве сега и таа желба му се исполни. Заедно ја банкаме и покрај неговите секојдневни напорни работни активности, тој ми помага и околу дневните потреби за неа.

РР: Конечно сте дома. Какво е чувството?

Бетпет: Ја знете онаа: Дома си е дома! Чувството на топлината кое го има во домот, го нема никаде, па дури и да си поминал супер во странство. Убаво ни е, се прилагодуваме на просторот, на навиките, опкружени сме со луѓе кои не сакаат и кои со нетрпение не очекуваа.

РР: Какво бебе е Теодора? Како напредува?

Бетпет: Бебе какво што би посакала секоја мајка. Мирно по природа, барем за сега. Не плаче без причина, само кога е гледна, ако треба да се пресоблече или ако и е премногу топло. Навечер си спие и ја будам само за да јаде, преку ден исто така јаде и спие, но кога ја држиме во раце и шеткаме во соба, ако седнеме, веднаш ќе почувствува и почнува да кенка. Не предупредува дека не сме си ја завршиле работата, не е доволно прошетана или не е заспана. Според докторите каде ги вршиме контролните прегледи, се е во ред, дури и за возраста во која се наоѓа сега, се е супер како и нејзините движење и држењето на главчето.

РР: Од каде се најде на рингераја и како ти се допаѓа порталот?

Бетпет: Јас се уште бев во Бугарија, кога сопругот барајќи по интерент тел. број на детската клинина во Скопје, наишол на порталот на Рингераја. Ми кажа и ми го објасни со целата содржина и ме праша дали сакам да ме зачлени, да се дружам со мајки со деца, каде го споделуваат своето искуство. Со задоволство прифатив и на почетокот тој пишуваше, со моја помош преку телефон. Кога се вратив, прво што беше прашав како можам да го отворам и пишувам по него. Ми се допаѓа, пред се е лесен за работа, имаш увид на сите прашања и одговори, но убаво е и кога мајките не можат да се видат, а на овој начин можат да го споделат искуството за децата. Од неодамна разбрав дека одржувате и средби, на која пред некој ден сите се изјаснија дека супер си поминале. Се надевам на некоја наредна средба и јас заедно со моите ќе Ве дружам.

РР: Што би им порачала на сите наши Рингераја членови?

Бетпет: Тоа што го чувствувам, тоа и го пишувам, јас веќе еднаш им порачав да имаат голема верба во Господ и пред се во себе, зошто тоа е големина која на човекот му дава сила да издржи големи нешта и да се доведе до успехот. Мислам дека во денешни услови патот на многу мајки да се дојде до детенце, е се потежок, но не откажувајте се тоа е чудо кое го исполнува животот и вреди да се бориш за него. Ако искрено од срце се посакува да се има дете, послушајте го своето срце и направете како тоа Ви вели и резултатот е неизбежен. Можеби тоа, ќе го одбере потешкиот пат, како во нашиот случај, но неочајувајте, верувајте дека човекот е толку силен, што по некогаш и самиот за тоа не знае.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Акни во бременоста - носите момче или дево...
Жените доживуваат сосема нов свет на промени кога се бремени. Една од овие промени може да бидат акните во бременоста
4
Од јадење сладолед во бременост бебето нас...
Најчудните совети на нашите баби!
4
Тежината на трудницата по неколку недели о...
Колку е препорачливо да се здебелите во бременоста и зошто килограмите така нагло се зголемуваат?
4
Можна причина за чести спонтани абортуси
Синдром на Хјуз - Што претставува?
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?