|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Хумана охриѓанка донира топол оброк #зготвииподари

Марина Кљајиќ Петковски, 7.4.2022
Во периодот кога започна пандемијата, покрај неминовниот хероизам на здравствените работници, во сета таа ситуација, блеснаа и друг вид херои. Една од нив е охриѓанката Весна Миленкоска, чии дела започнуваат во кујната на нејзиниот семеен дом

image
/11


Весна е своевиден херој на денешнината, која втора година е позната по својата хуманитарна акција #зготвииподари. 

 

Секој последен четврток од месецот, Весна донира оброк, кој вели дека го приготвува со голема љубов, и дека само едно нешто е поубаво од домашно зготвена храна со љубов - а тоа е кога истата со уште поголема љубов ќе биде подарена таму каде што е најпотребна.

 

Рингераја: Како дојде до идејата "зготви и подари"? Каков беше процесот од идеја до реализација? 

 

Весна: Во екот на пандемијата кога седевме дома, без можност да излеземе надвор често помислував на сите кои веќе беа заразени или во изолација. Кој им готви? Кој им пазари? Од мисла, во мисла стигнав до оние семејства кои немаат за таков луксуз, колку им е тешко секојдневието и без пандемија. Тогаш дојдов до идеја да готвам ручек и да го донирам, барем за миг некого да израдувам, да имаат пристоен топол оброк. Така се роди мојот инстаграм профил, и мојата идеја виде светлина.

 

 

Рингераја: На кој начин стапувате во контакт со семејствата на чија трпеза завршуваат вашите топли оброци?

 

Весна: На почетокот контактите со семејставата ги добивав од луѓе, мои сограѓани кои подолг период се занимаваат со хуманитарни акции. Потоа некако спонтано почнаа да ме контактираат луѓе што познаваат такви семејсва, дали нивни соседи, пријатели, познаници...ме спојуваат со семејството и понатаму е моја обврска. Во последниот случај жената сама ме побара, слушнала за мене и ми се јави.

 # зготвииподари одамна не е само оброк. Кога ќе се договорам со семејството објавувам што им е неопходно. Тогаш се пријавуваат луѓе што сакаат да се вклучат, до сега не сум останала без придружба. Секој еден за мене има посебно место, секоја помош е добредојдена. Собираме храна, облека, пари... купувавме дрва, електрични апарати, велосипед и др.

 

Рингераја: Дали имате помош од некоја институција, здружение, фирми.. ? 

 

Весна: Помошта што ја добивам е исклучиво од индивидуалци. До сега не сум се обратила никаде за помош. Целта ми е да се вклучат што повеќе граѓани. Секој да стане свесен дека токму неговото малку за некого е многу, дека облеката што нема да ја носи некого ќе израдува како да е нова, дека со детските патики што децата ги израстуваат со брзина на светлината на некое дете ќе му насолзат очи. Ситниците значат, малите работи радуваат. Среќата се множи кога се дели!

 

Рингераја: Вашата хумана активност е позната во јавноста и топло поздравена. Имате ли податоци дека некој друг од нашава земја бил инспириран од вас и го заследил вашиот пример? 

 

Весна: Во една прилика пробав #зготвииподари да излезе и надвор од Охрид и акцијата помина повеќе од успешно. Им предложив на неколку личности што готват, да спремаат оброк и да го донираат во нивниот град, така и беше. Тие беа возбудени и исполнети, а јас пресреќна. Секојдневно ми пишуваат дека сум им инспирација што мене искрено ми значи.

 

 

Рингераја: На кој пазар се достапни вашите лебови, покрај во охридско -струшкиот регион? Размислувате ли оваа ваша љубов да прерасне во пекара со локација во прекрасниот Охрид? 

 

Весна: Sourdough за мене излезе големо изненадување. Ме научи на трпение, ми стана љубов. Лепчињата ги правам само по нарачка и до сега само за Охриѓани. Нема можност да го испратам на друго место и да им стигне топло, а да не е следниот ден. Има побарување и од други градови, си нарачуваат за кога ќе доаѓаат овде.  Дали размислувам да прерасне во пекара со локација? Ќе излажам ако кажам не  ...но ...ќе видиме...има време...

Благодарност до Весна за издвоеното време.

Навистина е за пример нејзиното хумано дело. Се надеваме дека ќе ви биде инспирација. А доколку имате потреба, слободно контактирајте ја на нејзиниот Инстаграм профил.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мега Фешн “Пробај повеќе за помалку“
Оние кои често пазаруваат ги знаат и ги познаваат, а оние кои не ги знаат е вистинско време да ги запознаат Mega Fashion
4
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2
Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?