namesp во 10:11
Големина на плодот во бременоста
Редакција Рингераја, 9.9.2021
3. & 4. Недела – Маково зрно
Во 4. недела Вашето бебе, подобро познато како бластоциста, е практично микроскопско – малечко топче од клетки. Зафатено е со вселување во својот нов дом и со најважните делови од својот развој. Тоа ќе го прави и во следните шест недели. Споделете ја оваа радосна вест со семејството и пријателите.
5.недела – Семка од јаболко
Вашиот ембрион е сега мерлив. Иако сте во петтата недела, ембрионот е долг 0,33 cm. и се подготвува да расте уште повеќе. Всушност, веќе следната недела ќе биде двојно поголем. Расти бебенце, расти.
6. недела – Зрно грашок
Очигледно е дека бебето расте како лудо. Исто така во него крвта циркулира низ се пософистицираниот крвен систем. Почнуваат од главата да никнуваат носот, очите, ушите, брадата и образите.
7. недела – Боровинка
Во овој момент ембрионот генерира околу 100 нови мозочни клетки секоја минута! Не само што мозокот му станува посложен, туку и срцето исто така. Во оваа недела се развива и парот на бубрези. Исто така се формираат зглобовите на рацете и нозете.
8. недела – Малина
Вие се уште не можете да почувствувате, но бебето ги движи рацете и нозете како лудо. Веќе се формираат ципи меѓу прстите на рацете и нозете, а опашката веќе ја нема.
9. недела – Маслинка
Оваа недела е пресвртница. Малата маслинка повеќе не е ембрион, сега е фетус. На лицето се развиваат повеќе карактеристики. Срцето на фетусот доволно чука, за да го чуе и мама преку доплерот.
10. недела – Сушена слива
На бебето веќе му работат зглобовите, а веќе се формираат рскавиците и коските. Неговите витални органи се целосно развиени и почнуваат да функционираат. Бебето веќе удира во стомакот, но Вие не чувствувате. Ви се верува ли?
11. недела – Зелено мало лимонче
Вие не гледате, но тоа се движи тивко и спокојно таму внатре. Неговата кожа е проѕирна, но се' повеќе почнува да личи на бебе. Во оваа недела се формираат фоликули на косата и ноктите и зачетоци на забите.
12. недела – Слива
Поголемиот дел од критичните органи се целосно формирани. Сега се во фаза на созревање, во која сите органи и ткива ќе растат и ќе се развиваат брзо. Во овој момент се развиваат и рефлексите. Замислете, ако го допрете со прст, бебето ќе се помести. Ги отвора и затвора прстите на рацете и нозете исто така. Неговиот мозок се развива брзо!
13. недела – Праска
Ви се верува ли дека моментално се формираат гласните жици и забите?! Иако е бебето мало, тоа има отпечатоци од прстите. Неговите црева се движат од папочната врвца до своето место – во стомакот.
14. недела – Жолт лимон
Веројатно сега си го цица палецот и мрдка со прстите од ножињата таму внатре. Во неговите бубрези се прави урина, а слезината и црниот дроб си ја вршат својата работа, исто така. Има нежни влакненца по целото тело кои ќе му помогнат да му биде топличко.
15. недела – Портокал
Најверојатно не чувствувате, но бебето си плива и ужива. Дури може и да ика таму внатре. Направило голем напредок: сите зглобови и екстремитети се максимално подвижни.
16. недела – Авокадо
Внимавајте. Ве слуша што зборувате, благодарение на ситните коски кои се формирани во ушите. Косата, веѓите и трепките растат. Кај бебето се равиваат и пипките за вкус.
17. недела – Кромид
Неговите рскавици сега преминуваат во коски. Дури става и месо на коските и некои масти. Расте се посилно и посилно, хранејќи се преку папочната врвца. Мамичке јади, ништо нема да остане за тебе.
18. недела – Благ компир
Ви се верува ли дека се прозевам, икам, цицам и голтам?! И се вртам во круг, удирам и клоцам и доволно сум големо и силно за да го почувствуваш тоа што го правам. Чувствуваш ли мамичке?
19. недела – Манго
На кожата се развива заштитна бела облога таканаречена верникс. Тоа е бела и мрсна обвивка која може да се види и по раѓањето. Кај бебето работат сите пет сетила. Нервните клетки на сетилата за вкус, слух, вид, мирис и допир се развиваат во неговиот мозок.
20. недела – Банана
Работи интензивно на својот вкус. Може да го почувствува тоа што го јадеш мамичке. Голта од амнионската течност неколку милилитри повеќе од порано. И да, се мочка, но таа течност е стерилна исто како амнионската течност.
21. недела – Калинка
Неговиот дигестивен систем е подготвен за надворешниот свет. Тука подоцна ќе се формира мекониум, црна супстанција која ќе ја најдете во првата валкана пелена. Ако носите девојче, таа веќе има јајце клетки во јајниците – околу шест милиони!
22. недела – Папаја
Сега има поразвиени очи и уста и се повеќе личи на новороденче. Спие во циклуси, од 12-14 часа дневно, а во останатото време – клоца.
23. недела – Цитрон
Сега се формираат брадавици. Даааа, навистина! Неговото лице е целосно формирано, само се потребни малку масти за да се потполни. Бебето го препознава Вашиот глас, го слуша чукањето на Вашето срце. Слуша дури и гласни звуци како свирка од автомобил и лаење на куче.
24. недела – Зимска Диња
Кожата повеќе не е проѕирна, туку добива розов сјај, благодарение на капиларите кои неодамна се формирани.
25. недела – Карфиол
Ужива во чувството на рамнотежа – сега знае на која страна е горе, а на која страна е долу. Веќе ставило масти и има убава косичка.
26. недела – Марула
Очните капаци се формираат и наскоро ќе ги отвори очите. И клепките пораснаа исто така. Во тек е изградба на имунолошкиот систем кој треба да биде подготвен за надворешниот свет. Бебето ги впива Вашите антитела. Вежба да дише – не воздух, туку амнионска течност. Тоа е добра пракса.
27. недела – Репка
Практицира вдишување и издишување со белите дробови. Официјано е – бебето покажува мозочна активност. Неговиот мозок ќе станува се покомплексен.
28. недела – Црн домат
Мастите почнуваат да се таложат и рапавата кожа станува се помазна. Неговите бели дробови се доволно зрели, па бебето веројатно ќе преживее ако се роди сега.
29. недела – Тиква стамболка
Станува се потесно таму внатре, бидејќи бебето брзо расте. Но тоа сигурно Ви е јасно, судејќи по ударите кои ги добивате. Под кожата се таложат масти и бебето добива на тежина, а со тоа и поголема енергија. Чувствувате суптилен грч? Не грижете се, бебето ика.
30. недела – Краставица
Кожата му е се помазна. Мозокот почнува да станува набран, за да ги формира сите центри кои се од суштинско значење за животот. Бебето е доволно силно да стегне еден прст.
31. недела – Ананас
Поминува низ фино формирање на нервите и мозокот. Во тек е финален развој на очите. Неговите зеници сега реагираат на светлина. Сите пет сетила се во потполна работна состојба.
32. недела – Бундева
Се подготвува за излегување надвор. Почнува да се врти со главата надолу. Станува неверојатно тесно таму внатре.
33. недела – Доријан
Очите му се отворени кога е разбудено. Почнува да прави координација на дишење, цицање и голтање. Неговите коски се стврднуваат. Помина низ сите фази на развој на мозокот – сега е паметно бебе.
34. недела – Мускатна тиква
Ги препознава и реагира на едноставните песни. Ако не сте започнале да му пеете, веќе е време. Можеби баш тие песни ќе го смируваат откако ќе се роди.
35. недела – Кокосов орев
Неговиот слух е потполно развиен и најмногу реагира на пискави тонови. Ако е момче, неговите тестиси се веќе спуштени.
36. недела – Блага диња
Бебето е се поблиску до самостојно дишење. Кожата му е потполно мазна, а непцата тврди. Бубрезите и црниот дроб се во работна состојба. Циркулацијата и имунолошкиот систем се подготвени исто така.
37. недела – Зимска лубеница
Бебето практицира некои вештини: вдишува и издишува, цица и трепка. Во цревата се формира првата столица наречена мекониум, која се подготвува за првата валкана пелена која ќе ја промени мама.
38. недела – Тиква
Има околу една педа коса, а може и повеќе. Полека белата обвивка околу кожата (верникс) се лупи, но остатоци од неа можат да се видат и по раѓањето.
39. недела – Лубеница
Бебето е во можност да ги свитка рацете и нозете, бидејќи повеќе не го собира внатре. Неговиот мозок се уште активно се развива. Бебето е многу попаметно од претходната недела. Ноктите му се подолги од прстите. Може да те изгребе кога за прв пат ќе го гушнеш мамичке.
40. недела - Гравиола
Бебето се подготвува да излезе. Нека е живо и здраво мамичке!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат или не се сигурни дали се веќе бремени е појавата на...

Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладување со освежителни пијалаци, едноставно време за ужи...

Бременоста е необичен момент, кој секоја жена доживува на свој начин. Нема сомневање дека таа го менува животот во секој...

Зголемениот холестерол за време на бременоста е многу важен за здравјето на мајката и бебето. Сепак, експертите објаснув...
