|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Што е физиолошка жолтица?

image
/11


 

Физиолошката жолтица, позната како хипербилирубинемија, е предизвикана од жолтеникави клетки и се манифестира како жолтило на кожата и белките од очите кај новороденчињата, посебно во првата недела од животот. Бидејќи црниот дроб разградува прекумерна количина на црвени крвни клетки, почнува да произведува жолт пигмент, билирубин. Со оглед на тоа што незрелиот црн дроб кај новороденчињата не може толку брзо да го излачи билирубинот, прекумерниот жолт пигмент се таложи во белките од очите и кожата на новороденчето.

Ваквата врста на жолтица се нарекува физиолошка жолтица, затоа што е дел од нормалните телесни процеси. Кога ќе созрее бебешкиот систем за отстранување на билирубинот и кога ќе се намали прекумерниот број на црвени крвни клетки, жолтицата се повлекува – најчесто во првата или втората недела од животот на новороденчето и не остава никакви последици. Жолтицата е почеста кај предвремено родените деца, кои се помалку способни да се справат со прекумерната количина на билирубин.

Во одредени ситуации, како што е некомпатибилност на крвната група меѓу мајката и бебето, жолтицата може да биде резултат на проблемот кој се јавува од нормалното разложување на прекумерниот број на црвени крвни клетки, од крвотокот на мајката. Во ретки случаи, нивото на билирубинот може толку да се покачи, што може да доведе до оштетување на бебешкиот мозок. Заради тоа, ако медицинскиот персонал се посомнева дека жолтата боја кај бебето е нешто повеќе од вообичаена физиолошка жолтица, нивото на билирубин будно ќе се следи преку испитување на крвта. Доколку нивото на билирубин е превисоко, лекарот ќе се обиде да го намали со фототерапија, специјално светло кое го разложува вишокот на билирубин во кожата и овозможува негово исфрлање преку мокрачата.

 

Зошто се мисли дека физиолошката жолтица е проблем за доените бебиња?

Постои тенденција на појава на жолтица кај доени бебиња и кај нив трае нешто подолго. Во повеќето случаи жолтицата е безопасна, но фобијата која е присутна кај родителите и медицинскиот персонал, често прави препреки во успешното доење. Еве неколку информации за жолтицата и начините со кои ќе минимализирате таа да Ви пречи во доењето.

Доените бебиња имаат во просек 2-3 mg/dL повисока вредност на билирубин од бебињата хранети со адаптирано млеко (14,4 mg/dL спрема 12,4 mg/dL) Се смета дека до оваа разлика доаѓа заради неоткриената состојка во мајчиното млеко која поттикнува зголемена цревна апсорпција на билирубинот, така што тој, наместо да се движи кон црниот дроб, се врача назад во крвотокот. До поголем процент на присутност на физиолошка жолтица, кај доените бебиња, може да дојде заради намалена консумација на млеко во првите денови по раѓањето, заради нередовно и неуспешно хранење. Нормално е жолтицата кај доените бебиња да потрае подолго, понекогаш дури и до третата недела по раѓањето.

Во повеќето случаи физиолошката жолтица е безопасна, но вообичаените третмани, кои се користат за лечење на жолтица, можат да го попречат добриот почеток на доењето. Заради тоа медицинскиот персонал и родителите треба да бидат внимателни кога ќе одлучат да ја лечат состојбата во која лекот може да наштети повеќе од самата болест.

  • Во повеќето случаи не е потребно да се третира жолтицата, доколку нивото на билирубин е помало од 20 милиграми.
  • На повеќето бебиња со жолтица не им е потребна вода, гликоза или адаптирано млеко.
  • Обично нема потреба да се избегнува доење 1-2 дена, за да се намали нивото на билирубин.
  • Степенот и траењето на жолтицата може да се намали доколку детето, веднаш по раѓањето почнете да го доите. Бројот на новороденчиња, на кои им е потребна фототерапија, ќе се намали, кога ќе се воведе пракса на рано и често доење.
  • Не грижете се, создавајте млеко. Доколку Вашето бебе има жолтица, обидете се да разберете за кој вид на жолтица се работи. Ако се работи за нормална, физиолошка жолтица, нема за што да се грижите. Доколку се работи за жолтица, чиј причинител е од медицинска природа, како на пример некомпатибилни крвни групи, бидете свесни дека и овој вид на жолтица се лечи едноставно и не може да му пречи на нормалниот тек на доењето..

Американското педијатриско друштво (АДП) во 2004 година во списанието  „Pediatrics“ објави насоки за хипербилирубинемија кај новороденчиња со старост од 35 гестациски недели („Management of Hyperbilirubinemia in the Newborn Infant 35 or More Weeks of Gestation“) . Конечна цел на давањето на овие насоки е намалување на степенот на сериозна неонатална хипербилирубинемија и билирубинска енцефалопатија и на тој начин да го намали ризикот на ненамерна штета и зголемена загриженост кај родителите.

 

Медицинскиот персонал би требало:

  1. Да дава поддршка на успешното доење.
  2. Да направи протокол на неонатологија за идентификација и евалуација на хипербилирубинемија.
  3. Да го мери степенот на тотален серум билирубин (TSB), од првите 24 часа по раѓањето.
  4. Да знае дека визуелната проценка на степенот на жолтицата може да доведе до грешка, посебно кај новороденчиња кои имаат потемен пигмент на кожата.
  5. Да знае дека новороденчињата помали од 38 недели гестациска старост, посебно ако се доени, изложени се се на поголем ризик од развој на хипербилирубинемија и потребен им е поголем надзор.
  6. Да изведе систематска проценка на сите новородени бебиња, пред да ги отпушти дома, за да се утврди дали постои ризик од добивање на сериозна хипербилирубинемија.
  7. Да им даде на родителите писмени и усни информации за физиолошката жолтица.
  8. Да го третираат новороденчето со фототерапија и заменска инфузија, само ако е потребно.

 

Примарна превенција

Во бројните изјави АПД препорачува доење на сите здрави деца родини во термин и пред термин. Нивните насоки во целост ја поддржуваат оваа генерална препорака.

Препорака 1.0: Медицинските лица би требало да ги советуваат мајките да ги дојат своите новородени деца 8-12 пати дневно, во првите неколку дена.

Дехидрацијата или внесувањето на некалорична храна, кои се последица на недоволното доење, можат да допринесат во развој на хипербилирубинемија. Со често доење се намалува ризикот од развој на дополнителна, позначајна хипербилирубинемија кај доените бебиња. Доколку мајката која дои добива правилни совети и поддршка, тоа уште повеќе ќе ја зголеми можноста за успешно доење.

 

Продолжена жолтица

Кај некои доени деца, нивото на билирубин може да ја премине границата од 20 mg/dL и жолтицата може да потрае и две недели, па дури и подолго. Порано се верувало дека ваквиот вид на жолтица е предизвикан од мајчиното млеко, кое кај некои жени содржело супстанца која ја спречува нормалната апсорпција на билирубин. Ваквиот вид на жолтица се третирал така што детето не се доело 24-48 часа. Ова би довело до намалување на нивото на билирубин, но би го саботирало процесот на доење.

Неодамнешните истражувања укажуваат на можноста дека високата вредност на билирубин и продолжената жолтица е само нормална варијанта на вообичаената физиолошка жолтица, типична за новороденчињата. Можеби навистина во мајчиното млеко постои супстанција која и пречи на нормалната апсорпција на билирубин, но дали детето ќе има многу или малку жолтица е индивидуално.

Сепак, некои медицински лица можеби ќе Ви препорачаат привремен прекин на доењето (24 – 48 часа) за да се намали нивото на билирубин. Поразговарајте во Вашиот лекар дали постои друга можност- како фототерапија, со што би продолжиле со процесот на доење без рестрикции.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Фото: Изглед на столицата кај доени бебиња
Во прилог е сликовит приказ како треба да изгледа нормална столица кај доени бебиња, како да знаеме дали бебето е гладно...
4
Педијатарот и родителите
Педијатарот, секогаш за свои партнери ги има родителите бидејќи имаат заеднички интерес, а тоа е здравјето на детето
4
Љубовта меѓу мајката и бебето
Научниците кои се занимаваат со развојот на децата, откриле кои физиолошки и хемиски фактори допринесуваат во развојот н...
4
Стриите избледуваат со помош на мајчино мл...
Дали сте слушнале за ваков обид – избледување на стрии со мајчино млеко? Звучи по малку смешно а можеби се работи за нач...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?