vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
На 15 декември фармацевтските компании Демакс Нова и Фарма Трејд во соработка со Дану филантропија и интернет медиумот Рингераја.мк спроведоа донаторска акција во Домот за деца без родители “11 Октомври” во Скопје.
Ова е втора акција од ваков вид. Првата беше спроведена во средината на месец јули кога компанијата Демакс Нова донираше минерално-витамински додатоци на исхраната од британската компанија Health Aid за потребите на штитениците во Домот.
Во склад со сопствениот пристап на корпоративната општествена одговорност кој се темели на принципот “создавање заеднички вредности”, двете фармацевтски куќи обезбедија опрема за реновираните кујни во Домот.
Претставникот на фармацевтските куќи Демакс Нова и Фарма Трејд, д-р Стојан Николиќ и Лидија Крстеска од Дану филантропија на секое од 9-те импровизирани семејства во Домот им дадоа на подарок 9 тостери, 9 кутии за чување леб и 9 класери за есцајг.
Идејата потекна од директорката на Домот, г-ѓа Ристенка Атанасова, како дел од воспитната содржина за штитениците, односно стремеж штитениците на Домот да се воведат во основите на доброто домаќинство и сопствено менаџирање на ресурсите со кои располагаат. Притоа, децата од Домот на новите тостери подготвија тост сендвичи за донаторите, а директорката, г-ѓа Атанасова врачи благодарници до фармацевтските компании.
На крај, донаторите најавија уште една ваква акција догодина во пролет.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...