|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Дали вакцинирањето предизвикува аутизам?

Редакција Рингераја, 13.5.2013
Во земјите во кои на родителите им е препуштена одлуката дали ќе го вакцинираат детето ли не, забележани се зарази кои дотогаш се држени под контрола. Заради тоа, од исклучителна важност е родителите да имаат квалитетна и проверена информација...

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Две третини од лицата кои користат интернет бараат податоци за користење на лековите, а повеќе од половина од нив поставуваат дијагноза со помош на Google

Според податоците на списанието The Journal of Pediatrics дури 40% од страниците на интернет кои  нудат податоци, на пример за синдромот на изненадна смрт на доенчето SIDS, на родителите им нудат погрешни и опасни совети. Кога се работи за вакцинирањето, ситуацијата е скоро застрашувачка, 60% од понудените резултати не одговараат на вистината или шират непотребна паника.

Во земјите во кои на родителите им е препуштена одлуката дали ќе го вакцинираат детето ли не, забележани се зарази кои дотогаш се држени под контрола. Заради тоа, од исклучителна важност е родителите да имаат квалитетна и проверена информација, за да можат да ги заштитат своите деца и да се заштитат себеси.

 

Дали вакцинирањето предизвикува аутизам?

Не постои мајка која не го слушнала овој мит. На кратко, не постои научен доказ дека постои врска која го поврзува вакцинирањето со аутизмот, тврди  Dr. Rachel Dunlop медицински научник и австралиска активистка за научно втемелено лечење. Дури ни по 14. години трагање и истражување, доказ едноставно не е најден.  Таа опасна теорија за прв пат  ја изнел Andrew Wakefield во 1998. година. Во меѓувреме е откриено дека неговите истражувања не биле независни, дека резултатите се местени и дека во текот на истражувањето е запоставено доброто на децата. После тоа, соработниците се одрекле од него.

Во 1998. година се спроведени безброј истражувања кои се обиделе да го поврзат вакцинирањето со аутизам, но нивниот резултат секогаш бил негативен. Најмногу истражувања се спроведени во Данска, а опфатени се сите деца  родени од 1991. до 1998. година, или вкупно 573.303 новороденчиња од кои 82% биле вакцинирани со МРП вакцина. Потоа, во септември 2011. година американскиот институт за медицина прегледал бројни научни трудови, по што е заклучено дека само неколку  здравствени проблеми се јасно поврзани со вакцинирањето. Овој заклучок е донесен врз база на прегледани 12.000 научни трудови, кои обработуваат 8 различни вакцини. Со оваа материја се занимавале 18 експерти кои го одработиле најголемото истражување за штетното дејство на вакцините и нивните последици врз здравјето на децата. Уште еднаш е потврдено дека врската меѓу аутизмот и вакцинирањето не постои, колку и да се тврди спротивното.

 

Извор: The Journal of Pediatrics

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога да започнете да му читате на бебето?
Можеби звучи рано, но со читањето не мора да чекате бебето да почне да ги разбира зборовите.
6
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
4
Бебето станува сe пољубопитно
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој.
4
Исхрана по породување
Породувањето не завршува само со доаѓањето на бебето. Тоа е и нов почеток за телото на мајката.
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali naucivte mnogu od sajtov Ringeraja?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!