Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Постарата сестра ти помага да се развиеш како личност.
Без оглед на тоа дали во текот на твоето растење се однесувала како тотален кретен, или најгрижлива сестра на сите времиња, доста влијаела на развојот на твојата личност. Дали те прегрнувала по паѓањето од велосипед, или одбивала да си игра криенка-миженка со тебе – сеедно. И на еден и на друг начин влијаела на твојот карактер.
Со неа секогаш можеш искрено да поразговараш
Понекогаш е тешко да се отвориш пред родителите и пријателите. Затоа е тука сестрата. Таа секогаш разбира.
Ги подготвила родителите за твоето доаѓање
Сите воспитни методи прво се испробувале на постарата сестра, па потоа на тебе. И ако, на некој начин, родителите погрешиле во нејзиното воспитување, на тебе го исправиле сето тоа.
Од неа може да се научи многу
Сета онаа кул музика која ја слушаш и стилот кој го имаш во средно, сето тоа и го должиш на својата постара сестра.
Секогаш е тука за тебе
Се' ќе дојде и ќе помине, но љубовта и поддршката која може да ти ја даде сестрата – не. Сјајно е да се знае дека имаш таква цврста поткрепа во животот.
Секогаш сака да ти угоди
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше полесно да се влезе на журка. И имаше кој да ти ја држи главата кога повраќаше по истата журка.


4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Што би сакал/а да знаев пред да станам родител?
Родителството често изгледа како нешто што инстинктивно ќе се случи, н...
Како да изберете совршена количка за бебе?
Изборот на количка за бебе е една од најважните одлуки за новите родит...
Промените на телото во текот на бременоста се природен и неопходен дел...
Разликата меѓу симптоми на бременост и симптоми на ПМС
Разликата меѓу симптомите на бременост и ПМС (предменструален синдром)...
Како да го засакаме своето тело такво какво што е?
Да го сакаш своето тело не значи дека секогаш ќе ти се допаѓа како изг...