|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Чувство на вина кај новите родители – реалноста за која малку се зборува

Редакција Рингераја, 5.7.2025
Родителството често се прикажува како врвно исполнување, како момент на длабока радост и бескрајна љубов.

image
Родители и дете
/11


Тоа навистина е така,  но родителството не е само тоа. Заедно со првиот плач на бебето, со првата насмевка и првиот допир, многу родители првпат го слушаат и тивкиот глас на вината. Таа не доаѓа од детето, доаѓа од внатре. Од стравот да не згрешиме, од очекувањата, од споредбите со другите родители.

И токму тоа е реалноста за која ретко се зборува.

 

Зошто се јавува чувството на вина?

Вината кај новите родители е често производ на несоодветни и нереални очекувања во одредени ситуации и од себе и од партнерот, но и од општеството. Социјалните мрежи, јавните говори иа експерти и други родители, ја засилуваат илузијата дека „добрите родители“ секогаш знаат што прават, се справуваат смирено, се жртвуваат без отпор, а нивните деца секогаш се насмеани и мирни.

Реалностн често е спротивна: ненаспани ноќи, конфузија, емоционални падови и дилеми без одговор.

 

Вината може да изгледа вака:

  • „Го доев само три месеци – дали сум лоша мајка?“
  • „Сакав малку време за себе – зарем тоа значи дека не го сакам доволно детето?“
  • „Се извикав од умор – дали го трауматизирав?“
  • „Партнерот ми се чувствува запоставено – дали сум неуспешен родител и сопруг/а?“
  • „Другите родители изгледаат како да им оди лесно – што не е во ред со мене?“

Ова се мисли што многу родители ги имаат – но ретко ги изговараат.

 

Зошто е важно да зборуваме за вината?

За ова е важно да зборуваме за да не се заглавиме во илузијата дека сите други се снаоѓаат само вие не. Ако не зборуваме отворено за вината, ако не се препознае и не се поработи на тоа како проблем, може да се претвори во хроничен стрес, анксиозност или чувство на неадекватност. И најважно со тоа ја добивате заслужената поддршка, а не идеализација.

 

Што можете да направите?

1. Препознајте ја вината како нормална емоција
Не значи дека сте лош родител, значи дека ви е грижа. Но вината не е доказ за неуспех. Таа е гласот што треба да се слушне, но не и секогаш да се следи.

2. Поставете си реални очекувања
Нема „савршено мајчинство“ или „савршено татковство“. Секој ден учите, и тоа е доволно. Понекогаш ќе згрешите, но и тоа е дел од растењето, вашето и на детето.

3. Поврзете се со други родители
Разговорите со други што минуваат низ истото носат олеснување. Најчесто ќе откриете дека не сте сами во своите мисли и стравови.

4. Барајте поддршка, а не дозвола за да направите нешто
Дали се сомневате дека сте„доволно добри“? Поставете го прашањето, но на вистинско место, кај психолог, педијатар, партнер или доверлива личност.

 

Да се биде родител е човечки, не божествено

Ќе има денови кога ќе бидете трпеливи. Но ќе има денови кога ќе се скршите, кога ќе се прашувате дали оваа улога е преголема за вас. Но сето тоа е во ред и е дел од вашето развивање и ратење како родители.

Вистинските родители не се совршени. Тие се тука и кога се уморни, и кога грешат, и кога се прашуваат. Љубовта не се мери со тоа дали секогаш знаете што правите, туку со тоа дали се трудите, повторно и повторно.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Што открива родилната тежина на бебето?
Родилната тежина е една од првите информации што родителите ја дознаваат за своето бебе, но таа не е само бројка.
3
Што да очекувате во првите 24-72 часа по п...
Првите денови по породувањето се период на големи промени, телото се опоравува, хормоните се менуваат, а започнува и нов...
3




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?