Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Бебето е родено на 25. март 2010 година во 27 недела, како близнак и тежело само 900 грама. По 20-минутна борба просласено е за мртво.
Kate Ogg ја добила последната шанса да се збогува со своето дете, откако докторите кренале раце од спасувањето на неговиот живот. Несреќната мајка низ солзи го бакнувала синот додека му зборувала колку го сака, неподготвена да го остави.
- Најпрво тоа беше само како вдишување, што лекарите го протолкуваа како рефлекс.
Но тогаш мајката со прст почнала да му дава колострум и бебето почнало да дише.
- Помислив – Боже мој, што се случува. Тогаш ги помрдна и очните капаци и благо ја заврти главата. Докторите само ја вртеа главата и велеа – Неверојатно, неверојатно.
Човечки инкубатор
Австралијанката и се обратила на јавноста предупредувајќи ја важноста на контактот кожа на кожа за болните деца, што е вообичаена пракса во голем број од британските болници. Во поголемиот број од случаите децата се префрлаат на интензивна нега, ако постои проблем при породувањето. Кенгур негата, наречена по кенгурите кои своите малечки ги носат во торба, блиску до своето тело го претвораат мајчиното тело во човечки инкубатор.

Госпоѓа Ogg го држела синот во прегратка во австралиската емисија ”Today Tonight”, на 27 август 2010 година, кога Jamie имал 5 месеци.

Нејзиниот сопруг додал "За среќа, имам многу паметна жена. Инстиктивно го направи тоа што го направи. Да не го направеше, веројано сега Jamie немаше да биде овде.”
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Семејството е местото каде што започнува сe
Тоа е местото каде што ги правиме првите чекори, каде што учиме што зн...
Во време на брзи промени, дигитална оддалеченост и зголемен стрес, емп...
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...