|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Броењето овци навистина помага?!

Редакција Рингераја, 3.5.2012
Иако заспивањето е за многумина рутинска работа, тоа е прилично мистериозен процес. Како кога гледате некоја оптичка илузија – што повеќе сте фокусирани на неа, се помали се шансите да го дешифрирате нејзиното значење

image
/11


 

 

Значи, иако сите ние спиеме секоја ноќ, не може точно да се каже како тоа го постигнуваме.

 

Дури и невролозите се мачат да ги разберат механизмите кои ги користи мозокот за да се префрли од состојба на будност во состојба на несвесен сон. Некои истражувања покажуваат дека преминот е многу побурен отколку, да речеме, палење и гаснење на светло.

 

Според најновото истражување на невролозите на Универзитетот во Вашингтон Сент Луис, во тек на фазите пред паѓање во сон – периодот во кој се наоѓате во кревет со изгаснато светло, затворени очи, додека полека ги “отпуштате” сите ситуации преживеани во текот на денот – Вашите мозочни бранови вршат т.н. алфа активност, која во главно е поврзана со тивка будност.

 

Тогаш, во некој клучен момент, влегувате во преодната фаза на сонот, позната како 1.фаза. Мозочните бранови се намалуваат и преминуваат во облик познат како тета активност, но и понатаму се испресечени со кратките налети на алфа активности. Тие налети Ви даваат чувство дека сте се уште будни, но кога ќе се разбудите, не се сеќавате на тој дел од потонувањето во сон.

 

Замислете ситуација кога ќе задремете додека гледате филм: се сеќавате на делови од сцените извесно време пред потполно да одлутате во сон. Тие делови – фатени во тек на кратките налети на алфа активностите – Ви даваат чувство дека сте будни, иако длабоко сте загазиле на патот кон сонот.

 

Потоа Вашиот мозок преминува во 2.фаза, почеток на вистинскиот не-REM сон, време кога тие налети на алфа активности ќе замрат. Сите невролози се согласуваат дека таа фаза е веќе спиење, иако Вие за тоа можеби сеуште не сте свесни.

 

По оваа фаза влегуваме во фаза на сон со бавни бранови (познат и како длабок сон, делта активност или фаза 3. и 4.) и на крајот доаѓаме до REM фаза – кога сонуваме.

 

Иако 1. и 2. фаза се тешки за перцепција, 90% од луѓето признаваат дека дефинитивно заспале по влегувањето во 3. и 4. фаза. Тоа значи дека транзицијата завршила. Од таа фаза па се до конечното разбудување наутро, ноќта ја поминуваме помеѓу не-REM фаза, 2. 3.  и 4. фаза и REM-сон.

 

Започнувањето на процесот на спиење може да го поремети било кој вид на надворешно влијание: “За повеќето луѓе важи правилото – што повеќе се трудат да заспијат, помалку ќе успеат во тоа” – кажува Кембел. “Драматичен пример за тоа е несоницата, популарно наречена имсомниа (SOI). Луѓето кои страдаат од инсомниа се толку загрижени заради последиците од неспиењето, што остануваат будни и по цела ноќ, бидејќи се опседнати со тоа што не можат да заспијат”.

 

 Секако, не не' држи будни само размислувањето за тоа дека е време за спиење, опседнатост од било кој вид може да претставува проблем. “Затоа броењето овци, или размислувањето за било што со минимална емотивна содржина е добар начин да го започнеме процесот на спиење”.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто моето бебе обожава...?
Зошто моето бебе сака да биде голо? Зошто сака да се храни само? А зошто понекогаш без причина плаче?
6
Внимателно со изборот на играчки за нашите...
Играчките се многу важни и корисни за развојот на бебето. Им помагаат во усовршувањето на стекнатите вештини и ги прават...
4
Како да ги преживеете летните горештини со...
Ако е лето, а вие имате мало бебе и притоа живеете во град, не сте во добра ситуација. Уште ако бебето е родено во најго...
3
Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
3




Анкета

Очи
Jana9

Каква боја на очи имате?

Кафена (63%)

Сина (11%)

Зелена (26%)


Број на сите гласови: 19

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!