Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
/11
Многу жени кога ќе почувствуваат благи грчеви ведднаш помислуваат на најлошото, но во голем број случаи, ваквите грчеви се нормален дел од промените што се случуваат во телото.
Зошто се јавуваат благи грчеви во бременост?
1. Имплантација. Во раната бременост, кога оплоденото јајце се прикачува за ѕидот на матката, може да се појават лесни грчеви слични на менструалните.
2. Растење на матката. Матката се шири и лигаментите се истегнуваат, што може да предизвика чувство на затегнатост или повремени болки.
3. Хормонални промени. Хормоните влијаат на мускулите и лигаментите, правејќи ги почувствителни.
4. Дигестивни проблеми. Подуеност, гасови или запек често се чувствуваат како грчеви во долниот дел на стомакот.
5. Дехидратација. Недоволниот внес на течности може да доведе до контракции на мускулите.
Каде најчесто се чувствуваат?
Грчевите најчесто се чувствуваат во долниот дел на стомакот или од едната страна поради истегнување на лигаментите. Овие грчеви се појавуваат повремено, без јасен ритам. Тие обично не се постојани и се смируваат со одмор.
Како да си помогнете?
- Одморете се и легнете на страна.
- Пијте доволно вода.
- Избегнувајте нагли движења.
- Јадете полесна храна.
- Практикувајте лесни прошетки или лесно истегнување.
Кога благи грчеви се нормални?
Благите грчеви се соосема нормални кога кога не се придружени со крварење, кога се краткотрајни и не се засилуваат со време, а се смируваат со одмор.
Кога мораш да се јавиш на лекар?
Побарај медицинска помош ако грчевите се: силни и постојани, придружени со крварење, проследени со треска, со болка во рамо или вртоглавица или болка при мокрење. Овие симптоми не се типични и бараат проверка.
Грчеви по триместри
Во првиот триместар често се појавуваат поради имплантацијата и хормонални промени, во вториот триместар поради истегнување на лигаментите, а во третиот триместар може да се појават Бракстон-Хикс контракции односно лажни контракции.
Благите грчеви во бременоста најчесто се безопасни и дел од природната адаптација на телото. Сепак, слушајте го своето тело и вашиот инстинкт. А кога сте во дилема, подобро е да прашате отколку да се грижите.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...