|      

Матични клетки во лекување на „замаглена рожница“

Автор: Cryo Save, Bi-MEK | 4.5.2010
image

Матичните клетки од папочна врвца може да помогнат во лекување на луѓето, чиј вид е оштетен поради замаглување на рожницата, откриваат научници од САД.

Рожницата е провидниот преден дел од окото, кој ги штити осетливите структури под неа и помага во фокусирање на светлината. Но, заболување или повреда можат да доведат до нејзино заматување, оштетувајќи го на тој начин видот. За жал, бројот на рожници за трансплантација е многу ограничен.

Тим научници од САД употреби матични клетки од папочна врвца за да третира лабораториски стаорци со абнормално тенка и заматена рожница. Студијата на универзитетот од Синсинати беше презентирана на Конференцијата на Американското друштво за клеточна биологија. Глувците биле одгледувани така да им недостига неопходниот протеин за создавање и одржување на транспарентноста на рожницата.

Клетките, познати како мезенхимални матични клетки од папочна врвца, имаат способност да се претворат во било која, од широката палета на специјализирани клетки. Тие стекнаа карактеристики на нормалните клетки на рожницата, наречени кератоцити.

По трансплантацијата, значително се подобри дебелината и провидноста на рожницата на животните.

Лесни за изолација  

Предводникот на тимот – д-р Винстон Као рече дека за разлика од донираните рожници, резервите на мезенхимални матични клетки за трансплантација се речиси неограничени.

Тој вели дека нивната изолација од папочната врвца е едноставна. Тие може успешно да се одгледуваат во лабораторија и лесно да се зачуваат во течен азот. Д-р Као изјави „Транплантацијата на рожница е во момeнтов единствениот лек за враќање на видот, изгубен поради лузни на корнеата, инфекција, механички и хемиски повреди и вродени дефекти, заради генетски мутации.

„Насекаде во светот постои недостаток на рожници за трансплантација. Овие сознанија водат до пронаоѓање на нови и подобри третмани и поквалитетен стил на живот за пациентите со нарушен вид, како резултат на повреди на рожницата.“

Д-р Брус Алан, хирург офталмолог-консултант во Болницата за вид Moorfields во Лондон, изјави : „Достапноста на клетки, од кои, по пат на ткивен инженеринг би се создале рожници, може во иднина да претставува алтернатива на конвенционалната трансплантација. Рожницата е релативно едноставен орган и клеточните терапии, вклучувајќи ги и оние кои се базираат на мезенхимални матични клетки би требало да бидат успешни. Но, во нормални околности, барем засега, трансплантацијата продолжува.“

bremenost

image На сите членови во Премаман клубот, Премаман им овозможува 50% попуст на сите fashion производи за роденденот на нивните деца и 10% попуст на сите производи во секое време.
За да станете член на Премаман клуб треба да сте пријавени на Рингераја
Пријавете се тука. Доколку не сте член, зачленете се тука.
На врв на страницата

Запознај ја Рингераја.мк