Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
По писмото на европратениците до Претседателот Иванов, и Парламентарното собрание на Советот на Европа потпиша Декларација против новиот закон за абортус. Потпишаните членови на Парламентарното собрание истакнуваат дека законот ги повредува меѓународните стандарди.
Иако со декларацијата целосно ја признаваат независноста на државата, тие изразија загриженост за начинот на кој е донесен законот.
„Без некоја посебна ургентност законот беше донесен во брза постапка, за време од 2 недели, со што беше оневозможена било каква консултација и јавна дебата со главните чинители, како медицинските експерти, женските организации и граѓанското општество. Ова предизвика загриженост во однос на заложбите на Република Македонија за демократијата и владеењето на правото.
Овој закон не е во согласност со ниту еден од меѓународните или Европските стандарди во однос на прекин на бременоста, репродуктивните права или основните слободи (Водичите на Светската Здравствена Организација, Резулициите на Собранието 1399 (2004), 1607 (2008)“, се вели во Декларацијата.
Потписници на овој документ се вкупно 20 членови на Парламентарното собрание, кои ја повикуваат владата да се повика на меѓународните стандарди во рамките на оваа легислатива.
Декларација
Парламентарно Собрание на Советот на Европа
Новиот закон за абортус на Република Македонија ги повредува меѓународните стандарди
Пишана декларација бр. 547 / документ 13263/ 27 Јуни 2013
Оваа пишана декларација е заложба само на оние кои се потписници
На 10 Јуни 2013 година Собранието на Република Македонија го усвои Законот за прекин на бременоста. Иако целосно ја признаваме независноста на државата од аспект на јавното здравје, ние сме серизоно загрижени за формата на дебатата водена во Собранието на Република Македонија и на содржината на законот која преставува прва легислатива од нејзината независност која ги ограничува човековите и женските права.
Без некоја посебна ургентност законот беше донесен во брза постапка, за време од 2 недели, со што беше оневозможена било каква консултација и јавна дебата со главните чинители, како медицинските експерти, женските организации и граѓанското општество. Ова предизвика загриженост во однос на заложбите на Република Македонија за демократијата и владеењето на правото.
Овој закон не е во согласност со ниту еден од меѓународните или Европските стандарди во однос на прекин на бременоста, репродуктивните права или основните слободи (Водичите на Светската Здравствена Организација, Резулициите на Собранието 1399 (2004), 1607 (2008). Задоложителниот ултрасонограф, времето на чекање и пишаното барање се омаловажување и деградирање за жената, спротивни на човечкото достоинство и основните права на приватност и доверливост кои се потенцирани во Уставот на Република Македонија
Ние ги повикуваме македонските власти да осигурат дека меѓунардоните стандарди базирани на вистинска наука, медицина и човекови права се примарна водилка во полето на оваа легислатива
Потписници:
ACKETOFT Tina, Sweden, ALDE
ANDERSEN Karin, Norway, UEL
BILGEHAN Gülsün, Turkey, SOC
BREMER Tor, Norway, SOC
CHRISTOFFERSEN Lise, Norway, SOC
GUNNARSSON Jonas, Sweden, SOC
GUZOWSKA Iwona, Poland, EPP/CD
HANCOCK Mike, United Kingdom, ALDE
HAUGLI Håkon, Norway, SOC
JONICA Snezana, Montenegro, SOC
KARLSSON Ulrika, Sweden, EPP/CD
KOLMAN Igor, Croatia, ALDE
MARJANOVIC Vesna, Serbia, SOC
OSBORNE Sandra, United Kingdom, SOC
PALIHOVICI Liliana, Republic of Moldova, EPP/CD
PETRENCO Grigore, Republic of Moldova, UEL
RIORDAN Linda, United Kingdom, SOC
SAAR Indrek, Estonia, SOC
VUCKOVIC Nataša, Serbia, SOC
WURM Gisela, Austria, SOC
Вкупно 20
Извор: ХЕРА
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?