namesp во 10:11
Вистини и митови (I дел)
Cryo Save, Bi-MEK, 4.5.2010Во овој момент, околу 3.000 трансплантации се изведуваат секоја година што значи дека слободно можеме да зборуваме за медицински стандарди. Но, независно од сите успеси и позитивниот развој на овој тип терапија, оваа тема се уште е предмет на дискусија од многу аспекти и често постојат недоразбирања.
Чувањето на матични клетки едноставно не вреди
Согласно денешните сознанија, медицинските експерти веруваат дека има голема веројатност детето да ги употреби сопствените матични клетки од папочна врвца подоцна во тек на животот. Станува збор за веројатност од најмалку 1/400 со растечка тенденција.
Папочна врвца не може да се чува подолго време
Матичните клетки од папочна врвца кои се правилно подготвени за зачувување може дури да го надминат и нашиот животен век. Досегашните истражувања покажуваат дека криопрезервираните клетки теоретски имаат неограничен век на траење. Ова значи дека тие би можело да бидат чувани длабоко замрзнати се додека ни требаат. Cryo-Save е целосно посветен на истражувања за криопрезервацијата.
Папочната врвца може единствено да се употребува за деца
Секако дека и возрасните исто така може да бидат третирани со матични клетки од папочната врвца и всушност во моментов тие претставуваат најголем број од сите третирани пациенти. Понекогаш достапната количина не е доволна и докторите користат и дополнителна количина матични клетки од други извори. Што се однесува до регенеративната медицина, количината на матични клетки е помалку важна. Дури и мала количина може да биде доволна да го активира процесот на регенерација на ткивото.
Доколку матичните клетки од папочната врвца се донирани на јавна банка, истите ќе бидат вратени на Вашето дете во случај на потреба
Само 30-50% од сите донации се чуваат во јавна банка, останатите се фрлаат. Во тој контекст, нема никаква гаранција дека Вашата донација воопшто ќе биде зачувана. Дури и да не биде уништена, нема гаранција дека истата нема да биде дадена на некој друг пациент до моментот кога на Вашето дете ќе му биде потребна. Приватното чување е единствен начин да бидете сигурни.
Не е потребна крв од папочна врвца за да се добијат матични клетки. На крај, во случај на потреба секој може да прими коскена срж
Би било добро да е толку едноставно. Вистина е дека коскената срж содржи матични клетки. Сепак, тие стареат како и самото тело, со што потенцијално ја губат нивната виталност и употребливост, а постои и можност да бидат нападнати од истите болести како и останатите делови на телото (пр. тип 2 дијабет). Спротивно на тоа, матичните клетки од папочна врвца се млади, посвежи, релативно незасегнати од болести и со самото тоа се пофлексибилни. Папочната врвца содржи поширока лепеза на типови матични клетки во споредба со коскената срж.
Матични клетки може да земеме и подоцна од млечно запче
Многу е дискутабилно дали млечниот заб е соодветен извор на матични клетки. Пред се, станува збор за мала количина на клетки, кои можат да се добијат од млечниот заб. Тие матични клетки се диферецирани до одреден степен, што значи дека немаат моќ да се развијат во голем број различни специјализирани клетки, како матичните клетки од папочната врвца. Освен тоа, тие веќе биле изложени на фактори од надворешната средина, па постои можност од инфекции и заболувања. На крај, останува прашањето, за нивната потенцијална примена. Дури и кога би се решило прашањето околу количината, сепак тие би можеле да се искористат само за ограничен број на болести. Оттука следи заклучок, дека матичните клетки од млечен заб не се соодветна замена за матичните клетки од папочна врвца.
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
HealthAid Cysticare таблетите се специјално формулирани со користење на природни и високо квалитетни билни екстракти кои...

Нора Шаќири-Марковиќ и нејзиниот сопруг Марко, во моментов ги живеат најсреќните денови. Нора искрено раскажа дека кога ...

На стомак, на грб или на страна? Еве што треба да знаете за безбедни, удобни позиции на спиење за време на бременоста

Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
