vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Се врати смеата во домот на Татјана Димитровска. Од вчера дворот на нејзината куќа не е повеќе празен. 6 годишната Александра се врати дома откако полицијата синоќа на полноќ ја пронашла во такси возило со нејзината баба, во обид од Македонски Брод да побегнат кон манастирот Свети Јован Бигорски.
Мајката вели дека девојчето преживеало вистински хорор. Ќе им претстои долг процес на рехабилитација, но вели дека не се плаши зашто сонот е веќе остварен.
Нејзиниот адвокат уверува дека Татјана нема да врати со иста мерка и дека девојчето ќе има право да се гледа со својот татко.
Од пред два дена дедото Александар Бошњаковски е во истражниот затвор, а таткото Стефан е се уште во бегство, иако и за него е одреден притвор од 30 дена. Чичкото и бабата заработија кривични пријави како дел од групата која незаконски ја одземала и држела Александра. Дополнително ќе одговараат и за покажаната негрижа - девојчето лани не посетило ниту еден училишен час, а ќе се проверуваат и последиците по нејзиното здравје.
Од понеделник Александра се враќа во училишните клупи. Татјана ветува дека ќе и помогне да надомести за се што загубила, а на прво место ќе биде мајчината љубов.
ТУКА погледнете го видеото
Славица Арсова
4
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...
Што е замрзнато рамо и како да го препознаете?
Замрзнатото рамо, познато и како адхезивен капсулитис, е состојба при ...