|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

vere: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 16.10.2013
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/21


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: vere

Датум на породување: 30.08.2011 година

Тип на породување: природно

Болница:

 

Ех, тој датум ќе го паметам цел живот...

Беше 12.12.2010 кога си ги видов тие две цртички и кога сфатив дека за 9 месеци ќе бидам најсреќната мајка на светот. Но не се одвиваше се според планот, кој јас го имав испланирано. Многу битно е и ова што ќе го кажам дека работам во гинеколошка институција и дека работата ми беше најмалиот проблем во текот на мојата бременост, се додека во 4 месец од бременоста и самата не знам како добив МОРБИЛИ. После тоа следуваа испитувања, за моја среќа се беше добро со мојот плод, барем така ми кажуваа докторите. Во 8 месец на мојата бременост бев на кратка консултација кај Др.Кировски и кога ме гледаше на ехо веќе немаше време да се чека за ништо. Беше убав топол  ден 30.08.2011 година, а мене ми беше се стемнето. Тука веќе ми се сруши и целиот мој свет, бев тотално збунета и просто не ми се веруваше дали може воопшто тоа мене да ми се случи со толку направени прегледи и совети. Немав ни еден грам плодова вода а со тоа и моето бебенце, кое го чекав со најголемо нетрпение беше во многу голема критична состојба. Хитно ме однесоа во операциона сала и ми направија царски рез, меѓутоа приказната не се заврши тука. Родив машко бебе кое беше тешко само 1200 гр и на кое му се броеја минутите за живот. Депресијата не беше таа што мене ме заобиколи. Никој од докторите не беше барем малку оптимист за да ми каже ИМА НАДЕЖ. Кога ќе ги прашав сите креваа раменици и ми викаа Господ па ние. Во тие најтешки моменти бев доволно храбра и силна да инсистирам да ме префрлат на детска клиника во државна. Не можам а да не се заблагодарам на целиот персонал од детска клиника на чело со Др.ПИПЕРКОВА која направи се за јас и мојот Матеј за 10 дена да си дојдеме дома живи, здрави и весели.

Мојата приказна завршува тука, за среќа со најубав крај. Траумите никогаш нема да ги заборавам, но само едно знам дека сум најсрекната мајка на светот и што имам дете кое 1 месец беше борец и успеа во борбата. Животот е убав кога имаш едно мало суштество кое ти го разубавува секој ден...

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Матеј! 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат физички и емоционални промени.
7
Како да знам дека дошло до оплодување?
Многу жени кои се обидуваат да забременат со нетрпение ги очекуваат првите знаци по овулацијата и се прашуваат: „Дали ов...
5
Растење на плодот по недели, 1. тромесечје
Знаете ли дека сте бремени, или во суштина не знаете што се случува со вашето тело? Овој текст ќе се обиде да ви објасни...
5
Како да го подготвите првото дете за доаѓа...
Доаѓањето на нов член во семејството е возбудлив момент, но за првото дете тоа може да биде и голема промена.
5




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?