namesp во 10:11
elenak: Мојата породилна приказна
Редакција Рингераја, 26.3.2012
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: elenak
Датум на породување: 26.12.2011 година
Тип на породување: царски рез
Болница: Општа болница Гевгелија
Крајниот термин ми беше 31.12. Точно на Нова Година, но моите планови беа поинакви - за Нова Година дома со бебушко...
Беше 26-ти декември, имав закажан царски рез утредента и бев многу возбудена. Ги правев последните подготовки за бебето по дома кога ми се јавија од болницата да ми кажат дека докторот кој требаше да му асистира на мојот матичен доктор зел боледување ( воедно немаме друг доктор вработен во болницата) и дека најверојатно моето породувањето ќе биде одложено за некој друг ден. И така моите планови пропаднаа, но не се разочарав, само се молев мојата ќерка да остане внатре уште некој ден.
Некаде кон 14 часот истиот ден почувствував болка во половината, му се јавив на маж ми и отидовме да направиме ЦТГ, меѓутоа апаратот изгледа беше расипан па не мереше контракции. За среќа беше дојден еден доктор на замена кој ме прегледа вагинално и ми рече дека сум почнала да се отварам и повеќе не треба да се чека. После добрата организација на сестрите акушерки на смена и докторот кој се согласи да асистира, се беше средено и договорено за истата вечер. Бидејќи веќе имаше една жена која чекаше пред мене, нејзиното породување го закажаа во 20 ч, а потоа моето.
Отидов дома да се спремам и бев пресреќна, не чувствував воопшто страв, само огромна возбуда. "Толку е блиску" си мислев и ги мразев стрелките на часовникот кои бавно се вртеа.
Во болница отидов во 18 ч, ме примија и ми ги направија сите подготовки, по кои морам да признаам дека не се чувствував воопшто пријатно - клизма, катетар, канила во рака, почнав да станувам свесна за она што се случува и тогаш ме фати малку трема. Во операционата сала знам дека се тресев како лист, но не беше од страв за себе, јас
знаев дека ќе бидам добро, но се прашував ,,како е моето малечко,,? Ме породија со локална анестезија (која патем драги трудници топло ви ја препорачувам), бев свесна цело време и чекав...Тогаш го слушнав гласниот плач на мојата ќеркичка и на кратко ја видов, беше толку малечка. Едвај чекав да заврши се и да ја земам во прегратка. Кога ме однесоа во соба и ми ја дадоа во раце сфатив дека го држам најубавото бебе на цел свет.
После четири напорни дена во болница си дојдовме дома точно за Нова Година, баш како што посакуваше мама и оттогаш сме неразделни, јас и моето срцуле, кое сега веќе има два месеци и за толку кратко време успеа да ја присвои сета моја љубов...
ЈОВАНА ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ!!!
Рингераја и посакува среќно детство на Јована !
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Снимката на еден пар од породилна сала стана вирална. Сопругот во еден момент фрли поглед "таму долу" и направи гадлив...

...Твојата мудрост е безгранична. Оној, кој Ти го љубиш, Ти неповреден ќе го сочуваш преку твојот ангел од секакви напад...

Дали вашето дете ќе биде момче или девојче? Овој древен кинески календар го предвидува полот на вашето дете према добата...
